Земјоделците во Европската Унија сè повеќе се загрижени токму поради увозот на месо произведено по пониски стандарди од трети земји. Би било паметно да се наметнат еднакви стандарди за благосостојба на животните кога станува збор за увоз на месо во Унијата, објаснуваат службените лица.
„Ние ќе мора да внимаваме како ја одгледуваме стоката, а после ќе увезуваме сè и сешто од Бразил, Кина, којзнае од каде“, реченица која повеќепати сме ја слушнале како реакција на земјоделците на плановите на Европската комисија за благосостојба на животните.
На сите им е јасно дека условите за одгледување на стока, дали за месо, млеко, јајца или други производи, треба да бидат подобри.
Одгледувањето на говеда на пасишта и избегнување живината да се чува во кафези сè повеќе се промовираат како алтернатива со план со текот на времето да станат вообичаен начин на производство.
Но, сето тоа и чини, бара значителни финансиски вложувања што значи поскапи финални производи за потрошувачите во ЕУ, на што неодамна предупреди и германската министерка за земјоделство Јулија Клукнер. Ако во исто време увезуваме слични производи настанати по поинакви стандарди, кои не вклучуваат благосостојба на животните, неконкурентните ЕУ фармери ќе се најдат во „необрано“ грозје.
„Би било паметно да се наметнат еднакви стандарди за благосостојба на животните кога станува збор за увоз на месо во Унијата“, за Еуроактив изјави службено лице на ЕУ, додавајќи дека би требало да се усогласат со правилата на Светската трговска организација (СТО).
Овој челник на ЕУ кој изјавата ја дал под услов да остане анонимен, нагласил дека постои „многу силна желба“ на јавноста и земјоделците за таков потег.
Со воведување на европските ознаки за благосостојба во декември се сложиле 27 министри за земјоделство на државите членки на ЕУ. Јавноста и потрошувачите овој напор широко го поздравиле. Но, земјоделците се сè позагрижени, токму поради увозот на месо произведено по пониски стандарди од трети земји.
Кога станува збор за СТО, анонимното службено лице стравува дека секое ограничување ќе биде дозволено единствено под услов дека се базира на докажани неправилности во неетично однесување кон животните, а како преседан се споменува ограничување на ЕУ на увоз на кожа од фока.
Вели дека би можеле да се соочиме со дампинг цени на производите од земјите кои побавно од ЕУ ќе ги усвојуваат зелените политики. Како пример го дава Меркосура (заеднички пазар на осум држави од Јужна Америка), кој како што вели, не мора секогаш да ги исполнува истите производствени стандарди, а и понатаму ќе ги спушта цените. Тоа ќе биде огромен притисок на ЕУ фармерите, но и на самиот Зелен план“, предупредува тој.
Олга Кикоу, претседателка на здружението “Compassion in World Farming” (Сочувство во светското земјодлество) од ЕУ очекува дека ќе преземе мерки за благосостојба на животните кои се однесуваат и на увозот, а не само на производството во ЕУ.
Извор: agronews.rs
