Подигнување на нов насад со кајсии е добра идеја која може да ви обезбеди дополнителен приход или егзистенција.
Искуствата на земјоделските производители кои се занимаваат со овоштарство зборуваат дека најмал проблем со пласманот имаат токму со кајсијата која е најчесто се извезува и држи добра цена.
Последниве години поради климатските промени, најголем проблем за одгледување на касијата е опасноста од пролетните мразеви кои можат значително да го намалат приносот. Токму затоа се поактуелни стануваат сорти кои цветаат покасно со што се избегнува оваа опасност по родот.

За нашето поднебје предвидено е засадување на нова сорта на кајсија „ФАРБАЛИ“ која е отпорна на болести, барана на европскиот пазар и како најважен момент е сорта со доцно цветање со што се избегнуваат доцните пролетни мразеви.
Со оглед на тоа што се ближи периодот на садење на овошките ова е време кога треба да се подготвува почвата за подигнување на новиот насад со кајсија.
Припрема на почва подразбира, орање, чистење од плевели и ѓубрење. Како и пред засадувањето на секој садник така и кај кајсијата потребно е ѓубрење со ѓубриво кое содржи висок процент на органски материи.
Следен процес е отварање на дупки но треба да се води сметка отворите да не се изведуваат со сврдел како не би дошло до циментирање на ѕидовите на отворот, со што понатаму би довело до проблеми со садникот или во крајна мера сушење поради неможноста кореновиот систем да се шири и развива.

За нашето подрачје, веќе спомнавме дека е предвидено засадување на нова сорта на кајсија ФАРБАЛИ, отпорна на болести, барана на ЕУ пазарот и како најбитен момент со доцно цветање како би се избегнале доцните пролетни мразеви.
За еден хектар потребни се 500 садници , цената по која можат да се набават кај нас е 2,40 евра.
Како и кај секое растение така и кајсијата потребно е наводнување но не премногу често зашто времето на вегетација е кратко и ги избегнуваме високите летни температури.
Потребно е третирање 7-9 пати во текот на вегетација, а доколку производителот се определи за органско производство третирањата можи да достигнат до 10 пати во зависност од временските услови.
После третата година го дава првиот род, а после 4 година достигнува 50-70 килогарми по стебло.


Пишува: Ангела Ѓеровска Ѓуровска

Koja e minimalmata povrsina na nasad koj se podiga za da moze da se aplicira preku ipard