Помина нешто повеќе од една година откако со светот завладеа пандемијата Ковид – 19 и со себе донесе голем број на рестрикции. На сите нас најтешко ни падна целосното затворање, или популрно наречениот lockdown кој не натера да седиме дома и да го купуваме само најосновното. Многумина од оние кои беа заразени со вирусот SARS-CoV-2 немаа друг избор па храната и другите потребни работи беа принудени да ги нарачуваа онлајн , независно дали директно од трговските центри или од самите производители на храна.
Интернет купувањето и продажбата особено стана популарно во земјите на Европската унија.
Податоците на Еуростат покажуваат дека, во првото тромесечје од 2020 година, 89% од луѓето на возраст од 16 до 74 години користеле интернет, а од нив 72% купиле или нарачале стока или услуги за приватна употреба. Во 2020 година,интернет купувањето порасна за 4% во споредба со годината пред тоа кога 68% од корисниците на интернет купувале онлајн, а во однос на 2015 година за дури 10%.
Најмногу на овој начин купувале во Холандија (91%), Данска (90%), Германија (87%), Шведска (86%) и Ирска (81%).
Во текот на последните пет години најголем пораст на интернет купувањето е забележан во Романија (27 %), Чешка и Хрватска (25%), како и Унгарија (23 %).
Најчесто преку интернет се купувало облека, обувки и додатоци (64%). После тоа следува седмата уметност – филмови и серии, однсоно услуги на стриминг и превземање, со 32%. На трето место со 29% е одставата од ресторани, синџирите за брза храна и други угостителски услуги.
Значи, овие бројки прикажуваат тренд во купувањето кој ќе расте и понатам, а исто така може да биде вредна информација за примарните производители на храна кои би требало да ги разгледаат можностите за пласирање на своите производи и на овој начин.
Само во Хрватска во изминатата година започнале со работа низа интернет концепти преку кои можат да се нарачаат производи. На своите страници трговците нудат мени на кое се наоѓаат како традицонални, така и вообичаени јадења како што се тавче-гравче со колбас или лазањи, пилешка чорба и сл. Намирниците ги набавуваат од локалните стопанства и мали домашни производители.
Вакви концепти сигурно ќе има се повеќе па земјоделците освен во нивата или во градината ќе треба и да влезат во светот на интернетот и своите производи да ги понудат на локалните угостители или да направат сопствена платформа за продажба.
Извор: agroklub.com
