Сапунот од мед е идеален за нега на сува и чувствителна кожа. Освен што ја негува кожата, на природен начин ѝ ја обезбедува потребната влага и ја прави еластична. Подготовката на домашен сапун во оваа варијанта е поевтин и поздрав начин за нега на телото. Состојките се достапни и лесно можат да се набават:
Состојки кои се потребни за сапун од мед:
1,5 литар масло (маслиново, растително)
половина литар кокосово масло
260 грама жива сода (кристал натриум-хидроксид)
60 дл вода
200 грама мед
Подготовка: Во многу студена вода се растопува живата сода, со мешање со дрвена лажица. Останатите состојки се мешаат и се загреваат на иста темепратура како и живата сода, па се мешаат, пишува „Aura“.
Смесата се меша околу 20 до 30 минути додека цврстиот дел не се одвои.
Во текот на мешањето, можат да се додаваат и други мирисни масла (роза, вишна, лаванда, портокал, бадем и сл.). Направената смеса, суровиот сапун, се става во подготвени калапи со разни форми.
Извор: agrosavjet.com
Како да направите сапун од мед?
Остави коментар
Остави коментар
