Рузмарин, зимзелена самоникната дрвенеста грмушка која расте со многу разграноци до 2 м височина. Листовите му се задебелени, многу тенки, на рабовите малку свиткани.
Од долната страна влакнести, а од горната мазни. Содржат многу етерично рузмариново масло кое се добива со дестилација, а служи во фармацијата и козметиката. Цветовите се со убава модра боја, сместени во пршлените помеѓу листовите.

Рузмаринот е растение на средоземното подрачје. Најмногу расте на далматинските острови во слободна природа, понекогаш сам, често помешан со други грмушки. Најмногу го има на островите Шолти, Хвар, Вис, Корчула, Ластово, делумно на полуостровот Пелешац. Иако рузмаринот би можел по малку да цвета цела година, тоа не се случува, бидејќи во оние краишта каде што расте, владее периодична летна суша, па поради тоа мирува. Дури од силната и долготрајна суша, рузмаринот на лето покажува знаци на живот. Ако во август накисне од дождот, набрзо позеленува, потеруваат гранчиња, па во другата половина на септември и ќе процвета. Во октомври може на пчелите да им даде добра паша.

Рузмаринот е медоносно ратсение. Ако цвета во есен, преку зима главно мирува и се подготвува за пролетно цветање. Доколку дождот на есен дојде доцна, доцни и цветањето, па знае да трае и преку цела зима. Кога на зима на островите е студено време, рузмаринот процветува на почетокот на март и ако му послужи доброто време, може да даде подобра паша и приноси отколку во есен. Цветањето на рузмаринот на пролет трае околу 40 дена. Во исклучително добри години може да даде до 60 кг мед по кошници, пашата најчесто ја спречуваат ветровите кои се на море во тоа време редовни. Ретко каде ќе замеди секаде и еднакво.

Различно медоноси и на мали оддалечености. Еднаш подобро медоносува на сончевата страна на островите, а друг пат на северната. Така на оддалечност од еден до два километри може да има многу значителни разлики. Од каде доаѓа тоа? Рузмаринот е зимзелено растение и медоноси при температура пониска од температурата при која медоносат другите растенија. Познато е дека рузмаринот медоноси и кога ќе падне ноќната температура под 0°C, а дневната изнесува 14°C. Тоа е најниска температура при која летаат пчелите. Нектарот ги мами пчелите од кошницата, па ако само малку застуди, се вкочануваат и пропаѓаат.

Затоа рузмариновата паша може да биде во зима и штетна за пчелите. Пчелите со внесување на рузмаринот можат цела зима да го поддржуваат леглото, а повторно послабите да ја дочекаат пролетта отколку оние кои зимата ја поминуваат под снег.
Медот од рузмарин е светол, проѕирен и бистар, како масло. Без мирис, пријатен и со благ вкус. Многу брзо се кристализира во фини ситни кристали. Во цврста состојба е сосема бел, спаѓа во редот на убави видови на мед.
Извор: agroportal.hr
