Летниот пинџур е брз за подготовка, свеж и многу вкусен традиционален македонски специјалитет, во комбинација со бело сирење и препечен леб преубаво, а може и како прилог со друго јадење.
Состојки:
- 2 модри патлиџани
- 2 црвени домати
- 1/2 кг пиперки( црвени или зелени)
- масло
- 3 чешниња лук
- магдонос
- сол
Подготовка:
Распоредете ги доматите, модриот патлиџан и пиперките во плех за печење, ставете ги во загреана рерна и печете додека не омекнат. Излупете го зеленчукот и исецкајте го на коцки.Ставете ги исецканите чешниња лук ,магдоносот и солта во соодветен сад, па изгмечете ги со толчник. Додадете го исечканиот зеленчук и уште малку изгмечете со толчникот за да се соединат сите состојки. Загрејте масло во тава и додадете го врз зеленчукот. Уживајте!!
МИА
