Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нови сорти на јаболка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нови сорти на јаболка
АгровестиРастително производство

Нови сорти на јаболка

Објавено 09/02/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најголемиот италијански извозник на јаболка „Аgrokooperativa Vog“, на своето производствено портфолио додаде три нови сорти на јаболка кои имаат единствен вкус и подолг рок на траење.

На јавноста и беа прикажани три нови перспективни сорти, кои ќе се најдат во новите насади со јаболка во регионот на Јужен Тирол.

Од нив, моментално најпозната е сортата Cosmic Crisp, која за прв пат е претставена на американскиот пазар кон крајот на 2019 година, а за нејзината улога и значење веќе е дискутирано помеѓу одгледувачите во државата Вашингтон.  

Останатите две сорти Ipador и CIVM49, кои ќе се продаваат под имињата Giga и RedPop се помалку познати.

За најголемиот италијански извозник на јаболка„Аgrokooperativa Vog“, чии одгледувачи први во светот ќе ги произведуваат овие сорти, тоа е единствена можност, на купувачите да им понудат јаболка со уникатни карактеристики.

Што ќе донесат на пазарот новите сорти?

Сортата Giga  е округла, со црвена боја однадвор и жолто месо. Нејзиниот вкус има „вкусни ноти во опсег од банана преку мед до цимет и сушено овошје“.

Оваа сорта е мешавина на две псотоечки сорти: GoldRush, која всушност е слична на Златниот делишес, но со малку покиселкаст вкус и сортата Nicoter која се продава под брендот Kanzi.

Giga ќе се бере на почетокот на октомври и ќе се продава од јануари до август. Според меѓуанродната организација Pome Fruit Alliance, овие јаболка се сочни крцкави и многу цврсти, со извонредно долг потенцијал за складирање и извонреден рок на траење.

Од друга страна, вкусот на сортата RedPop е во опсег „од слива до сушено овошје и мед“. Исто така е со црвена боја со жолта позадина, со помала големина и благ линиски изглед. Добиена е како резултат на вкрстување на две сорти: Gala и Coop39 , познати на пазарот како Crimson Crisp.

Според CIV, овие јаболката се благи и крцкави со голем потенцијал за долго складирање. Се береат многу порано и тоа од средината на август до средината на септември и се продаваат од јануари до август.

Италијанската фирма „Аgrokooperativa Vog“, веќе започна и со органско производство на двете сорти.

Извор:  domacinskakuca.rs

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:Giga i RedPopјаболкаНови сорти
Претходен напис Во Виетнам уништени 100.000 парчиња живина заради ширење на птичјиот грип
Следен напис Мед од рузмарин
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?