Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Искуства од другите земји: Продажба на локални производи во Полска
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > Искуства од другите земји: Продажба на локални производи во Полска
Органско производствоПазари

Искуства од другите земји: Продажба на локални производи во Полска

Објавено 11/01/2021
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Половина од просечната потрошувачка кошница во Полска, содржи локални органски производи. Ова е само една од практиките што укажуваат на значајната улога на локалното производство во Полска. Сепак, иако постои интерес кај потрошувачите, локалните производители наидуваат на различни проблеми во производствениот процес. Подетално за локалното производство и продажбата во Полска , зборува Војчех Спочински, раководител на одделот за развој на земјоделството во Фондацијата за развојни  политики на Полска.

Кога велиме „локални производи“, во Полска се мисли на неколку видови производи и производство. Постојат локални производи и производи од регионот кои имаат сертификати од министерството и тогаш локалното може да се сфати како органско производство, кое е водено од специфични еколошки практики во производствениот процес и е во согласност со прописите на ЕУ. Исто така, локалните производи се производи кои имаат географски ознаки за потекло, но исто така и оние кои немаат сертификати, но сепак успешно се произведуваат на локално ниво, заради изградената доверба меѓу производителите и муштериите.

Кога станува збор за присуството на органски производи на пазарот, податоците покажуваат дека во последните две години побарувачката е зголемена за приближно 20%. Сепак, во споредба со побарувачката во западноевропските земји, резултатот е сè уште неспоредливо помал. Локалните органски производи сочинуваат околу половина од вкупната стока при просечната набавка во Полска. Вредноста на овој пазар во 2020 година е околу 156 милиони евра. Храна за бебиња, јогурт, сокови и вотка се најбараните производи, а со почетокот на пандемијата се зголемува и побарувачка за ориз.

ЕУ има најголема улога во регулирањето на органското производство во Полска. Во следниот период се очекува презентирање на Регулативата 848, објавена во 2018 година, со што ќе се обврзат „трети земји“, како што е на пример Србија, да имаат целосно идентични сертификати за органски производи како во ЕУ. Најавени се дополнителни олеснувања за добивање колективни сертификати во органското производство, наменети за производители кои имаат одреден вид соработка. На пример, на сите производители на брокула кои одгледуваат брокула во истата област ќе им биде многу полесно да го добијат посакуваниот сертификат. Претпоставка е дека ќе има нови регулаторни мерки за случаи на ненамерна контаминација.

Кога зборуваме за рестораните, соработката помеѓу локалните производители и рестораните постои во форма на снабдување на производи, кои во понудата на рестораните се специфично означени како „локални“. Со почетокот на пандемијата и кризата во угостителскиот сектор, нарачката за храна преку Интернет дојде повеќе до израз. Меѓу другото и на локалните производи. При изборот на производи за подготовка на оброци, рестораните обично избираат локален производ кој има сертификат, или според довербата во одреден локален производител. Органски производи ретко се користат, бидејќи набавката е значително поскапа. Таквата соработка е поддржана и од медиумите и има многу кулинарски претстави кои прикажуваат локални производи кои се испорачуваат само врз основа на доверба во производителот.

 Во индивидуалните набавки, постојат две најчести практики за купување на локални производи. Првиот е кога потрошувачот оди во продавници или на пазар за органска храна во делот на супермаркетот каде што се изложени само локални органски производи. Тогаш потрошувачите обично купуваат производи со сертификати, бидејќи кредибилитетот им е важен. Сепак, постои еден парадокс во производството на органски производи. Полска е снабдувач на примарни производи во органското производство. Примарниот дел од органското производство потекнува од Полска, но потоа овие производи се извезуваат во Италија или Германија, каде пазарот за органски производи е многу поголем, а производството продолжува таму, а потоа крајниот производ се увезува како производ произведен во друга земја. Околу 70% од производите кои се наоѓаат на биопазарите се увезуваат, но овие производи се главно примарни производи од Полска. Кога станува збор за други практики на потрошувачите, се случува истиот дел од потрошувачите кои купуваат само производи со сертификати во текот на работната недела, да се одлучат за, локалните производи кои немаат сертификати, но веќе се препорачани.

Постои уште еден специфичен начин на деловно работење. Поединци од поголемите градови се организираат во групи со цел заедно да контактираат со локалните производители и да нарачаат одредена количина производи за кои се заинтересирани и тоа уште пред почетокот на сезоната. Во согласност со договорот, производителот им доставува производи во текот на целата сезона.

Постои значителна финансиска поддршка и таа доаѓа најмногу од ЕУ, односно тоа се околу 90% од вкупните пари инвестирани во локалното производство. Овие субвенции вклучуваат пари за иновации, развој на различни елементи во производствениот систем, пари за регионален развој… Кога станува збор за инвестиции што доаѓаат од државниот буџет, тие најмногу се наменети за промоција на производите.

Постојат и здруженија на производители. Ваквиот начин на соработка обично постои со намера производителите заедно да стекнат географска ознака за потеклото. Се случува производителите да решат да соработуваат со цел да добијат сертификат за ЕУ, иако имаат локални сертификати. Некои од најстарите здруженија се организирани за млеко и сирење. Постои и здружение на овчари, а исто така има голема соработка во областа на лековити билки, поради нејзините специфики.

Во овој период, опсегот на производители кои се снабдувачи на примарни производи е намален. Во исто време, имаше раст на компаниите кои се занимаваат со преработка или увоз на органски производи. Друг важен факт е дека Полска е меѓу првите четири европски земји, кога станува збор за земји  што се во процес на конверзија со цел да се добијат потребните лиценци. Сепак, ова е само делумна слика за состојбата, бидејќи статистиката опфаќа само сертифицирано органско производство.

Извор:Агромедија.рс

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Закон за органско земјоделско производство: Кои се барањата за да се занимавате со органско растително производство
Закон за органско производство: Барања за органско сточарско производство и органско пчеларство
Закон за органско производство: Барања за производство на органска преработена храна
Таг:искуствалокални производиоргански производиполска
Претходен напис Битолскиот Драгор носи се пред себе!
Следен напис Кина има клучна улога во диктирањето на глобалните цени на свинското месо?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?