Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Започнале со одгледување на капини, а сега светот доаѓа кај нив: Мајка, ќерка и золва го водат единствениот – ЕКО ХОСТЕЛ НА СЕЛО!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Започнале со одгледување на капини, а сега светот доаѓа кај нив: Мајка, ќерка и золва го водат единствениот – ЕКО ХОСТЕЛ НА СЕЛО!
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРурален Развој

Започнале со одгледување на капини, а сега светот доаѓа кај нив: Мајка, ќерка и золва го водат единствениот – ЕКО ХОСТЕЛ НА СЕЛО!

Објавено 24/12/2020
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пред убаво уредената градина, во која се поставени маси и столици од рециклирани палети и котури од кабел,  се наоѓа мини фарма со кози и јариња, за кои во последно време се грижи Хозе од Колумбија. На  влезот во дворот од левата страна има кафуле со необични маси и исцртани мурали на ѕидот, кој ги направил младиот Халил од Турција, еден од овдешните волонтери. Десетина метри подалеку, исто така на ѕидот, се наоѓа неговото Инстаграм катче за фотографирање со ангелски крилја. 

Скоро се што може да се види во еко хостелот Бранч, кој се наоѓа на 2,5 км од центарот на Аранѓеловац –Србија, направено е од рециклирани материјали во согласност со еколошките принципи. Идејата е да се користат обновливи извори на енергија, па така сијалиците кои во вечерните часови го осветлуваат просторот работат на слоарна енергија, клупите во кафулето, како и креветите во хостелот се направени од палети, лулашките за деца од автомобилски гуми, како  лустери поставени се  буренца и бочви, а се седи на душеци со цветни дезени донесени од таванот на нивната баба, од вилата во Белград.  Водата се грее преку котел на пелети, а според зборовите на основачот на оваа идеја, една од ретките нови и купени работи се душеците од мемори пена на креветите.

Овој концепт, по пример на некои  светски сместувачките капацитети,  во Буковик кај Аранѓеловац го донела Јелена Обрадовиќ (53) основач на хостелот Бранч. Нејзината ќерка Габриела Јанковиќ (29) е задолжена за маркетинг и организација, а золвата на нејзината ќерка, Невенка Бошковиќ (24)  работи како аниматор за деца и комуницира со гостите.

Старата поговорка дека не треба да се мешаат семејството и работата овде изгледа дека не важи, а овие три дами велат  дека во нивната организација се функционира совршено, како и дека овој пример на женски бизнис бележи добри резултати.  

– „Оваа година најмногу ни доаѓаа семејства со деца на еден ден но и на подолг период. Едно семејство овде помина три месеци, прво беа во помал состав, а потоа секој нареден пат носеа уште по некој. На крај во проширен роднински сотав беа 18, колку што и имаме кревети во хостелот“, раскажува Габриела и додава дека во последно време се попопуларно е кампувањето во Бранч.

– „Ваквите гости  отвараат шатори и ги корстат сите услуги, освен што не спијат во хостелот. Следната сезона ќе направиме надворешен туш и кујна, за да можат да спремаат храна во кампот“, додава Јелна Обрадовиќ и ги објаснува причините за стартување на оваа еколошка идеја.

„Пред многу години заминав од Белград со идеја дека може да се живее на поинаков начин и да не се загадува она што е природно. Секој кој во Србија ќе се впушти во органско производство мора да се помири со тоа дека ако не набавува автохтони сорти, мора да влезе во борба со природата и на самиот  старт треба да знае дека третина до половина од садниците нема да преживеат. Садниците мора да се садат повеќе пати додека не се прилагодат на условите. Информациите за органското земјоделство сеуште не стигнале во Србија на вистинскиот начин така да за мене се ова беше вистински предизвик“, раскажува Јелена која на имотот во соседното село Вукосавац одгледува органски капини и малини кои ги нуди на своите гости во хостелот во вид на овошни шејкови.

Велат дека се трудат во понудата да имаат што  е можно повеќе домашни производи кои потекнуваат од Аранѓеловац и околината.

– „Сокот од вишни го правевме сами, а  сокот од бозел го направи една мајка со четири деца која немаше работа на почетокот на кризата, па и помогнавме полесно да ја преброди пандемијата. Имаме и сирупи направени од малини и капини од наши насади во Вукосавац, а розето од 4 видови капини го нарековме Ружица по ќерка ми. Таа кога ќе порасне би можела да го продолжи овој наш женски бизнис“, открива Габриела.

Јелена признава дека во Србија свеста за рециклирање не е на завидно ниво и дека во таа област треба уште многу едукација. Луѓето едноставно не сваќаат дека од старото може да се направи нешто ново и дека не треба се да се фрла.

Поради актуелната ситуација,  се повеќе волонтери се пријавиле за работа во овој хостел, а во моментот работат девет волонтери од девет држави и четири континенти.

Волонтерите добиваат сместување  и еден оброк на ден, а за возврат работат од четири од шест часа во самиот хостел, во клубот за коњи, на фармата за кози и сл.

Графичкиот дизајнер Халил од Турција и психологот за кризни ситуации Хозе Давид од Колумбија  останале најдолго.  Халил бидејќи сака да студира во Србија,  а Хозе бидејќи останал „заробен“ поради пандемијата.  Странците организираат и работилници. Така на пример Хрватката и Аргентинецот ги учеле гостите да жонглираат и да возат моноцикл,  а еден пар  од Италија,  како да направат пица.  

– „Има многу малку местата каде можете да дојдете со мали деца и да ги оставите да трчаат на ливада. На родителите од Белград  речиси им стана невозможно да испијат кафе на рает и токму поради тоа ние сме идеалното место за нив. Додека тие се одмараат, децата можат да си играат со козите , да играат со  топк, да бидат на лулашка или на тобоган. Во понудата има  и јавање на коњ, бидејќи на 200 метри од нас се наоѓа клубот за коњи Аранѓеловац“, додава Габриела.

Хостелот Бранч е единствен и прв од  ваков  тип во Шумадија. Тој е потполно некласичен и оригиналн, токму онаков  како што се неговите сопственици и гости.

Извор: pricesadusom.com

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:Бранчеко хостелрециклирањеХостел
Претходен напис Намалена видливост на патиштата поради магла
Следен напис Расте цената на пченицата – причина за тоа е рускиот данок на извоз?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?