Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Расте цената на пченицата – причина за тоа е рускиот данок на извоз?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Расте цената на пченицата – причина за тоа е рускиот данок на извоз?
АгровестиПазари

Расте цената на пченицата – причина за тоа е рускиот данок на извоз?

Објавено 24/12/2020
Сподели
3 мин. за читање
Photo Semi trucks line up to haul grain from the silos.
Сподели
Ad imageAd image

Со нешто помалку од 211 евра за тон, цената на пченицата го достигна највисокото ниво во последните 4 недели и се зголеми за околу 10 евра во рок од седум дена. Ова е последица на одлуката на Русија, да воведе квоти за извоз на житарици, но и данок на извоз на пченица, откако претседателот на земјата, Владимир Путин, ги повика владините претставници и главните играчи на пазарот, поради зголемувањето на цените на основните намирници.

Земјоделците и преработувачите на храна во Русија, долго бараа воведување данок за извоз на пченицата затоа што цените на лебот, брашното, но и растителните масла, шеќерот и сличните производи нагло порасна поради многу високиот извоз, додека приходите на производителите драматично се намалија за време на кризата со корона вирусот.

 На меѓународниот пазар за овие житни култури, овие мерки веројатно посилно ќе ја насочат побарувачката кон други извозници како што се  Австралија, Канада, САД и евентуално Европа, притоа обезбедувајќи високи вредности agrarheute.

Така на крајот на минатата недела, на пазарот на големо и во извозното пристаниште во Хамбург, цените на лебната пченица се искачија на 212 евра по тон, што е зголемување за 6 евра за само два дена. Цените на пченицата се зголемија исто така и во Чикаго и тоа за 0,8%, пренесува Ројтерс.

Понатаму, руската служба Совекон минатата недела ја намали прогнозата за новата жетва на пченица во 2021 година и објави најлоша зимска состојба за последните десет години. Првично, приносот се очекуваше да биде 81 милиони тони, а сега е намален на 76,8 милиони тони.

Растат цените и на останатите житарици

Цената на  јачменот во пристаништето Хамбург на крајот на минатата недела беше 181 евро за тон, што е за 1 евро повеќе од почетокот на неделата. За ‘рж беа понудени 173 евра, односно 2 евра повеќе отколку на почетокот на неделата. Цените на пченката на европскиот пазар паднаа на 191 евро, додека во почетокот на неделата се зголемија за за 7 евра.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:данокжитариципченицаРусијацена
Претходен напис Започнале со одгледување на капини, а сега светот доаѓа кај нив: Мајка, ќерка и золва го водат единствениот – ЕКО ХОСТЕЛ НА СЕЛО!
Следен напис Конференција за нарушените пазарни врски во земјоделството и системот на храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?