Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од годинашниот Буџет обезбедени 44 милинои денари за спас на Преспанското Езеро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од годинашниот Буџет обезбедени 44 милинои денари за спас на Преспанското Езеро
Агровести

Од годинашниот Буџет обезбедени 44 милинои денари за спас на Преспанското Езеро

Објавено 23/12/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно 44 милиони денари ќе бидат одвоени од Буџетот за 2020 година за спас на Преспанското Езеро. Како што информираа денеска владините портпароли, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, соопштувајќи ги одлуките донесени на вчерашната владина седница, парите ќе и бидат одобрени на општина Ресен, а се наменети за активностите на Акцискиот план за Преспанското Езеро.

Уредување и чистење на крајбежниот појас на Езерото, ажурирање на Регистарот на бунари и воспоставување континуиран мониторинг на подземни води во Преспанскиот слив според законските прописи и досегашни искуства, оптимизација и континуирано воведување на контролирано црпење вода за наводнување на целата територија на подрачјето на Преспа согласно законските прописи и искуства, порибување со автохтони видови произведени во сливот на Преспанско Езеро со реставрација на дел од старите рибници во пределот на Езерани, итно одржување состанок на Комитетот за Преспа Парк каде ќе се разговара со албанската и грчката страна во врска со начинот на управување, следење, размена на податоци и преземање на заеднички мерки со цел подобрување на состојбата со езерото, воспоставување заеднички меѓудржавен мониторинг за следење на квалитативната и квантитативната состојба на водите во сливот и на самото езеро кај сите три соседни држави, како и надградба и целосно функционирање на националната хидролошка, метеоролошка и мониторинг мрежа за следење на квалитет на водните тела во сливот и на самото Езеро, се првичните клучни активности дефинирани со Акцискиот план за спас на Езерото.

Акцискиот план на Министерството за животна средина и просторно планирање подготвено од воспоставената Експертска работна група (ЕРГ) содржи сет мерки кои се детално елаборирани, со утврден приоритет и дефинирана временска рамка на спроведување, пропратени со проектирани финансии потребни за нивната имплементација. Акцискиот план е интегрален и ги дефинира сите важни чинители, што ќе се вклучат со свои конкретни обврски и активности во неговата реализација.

Според Министертсвото за животна средина, експертската група составена од претставници на релевантните сектори на стручниот огран при МЖСПП, УХМР, академијата и невладиниот сектор, во своите првични наоди како главни причинители за ваквата состојба ги утврди: климатските промени, тектонските појави и човековото делување. Сите овие активности, директно условиле брзо спуштање на нивото на водите во Езерото, а зголемените температури на воздухот, намалената влага и ветровите, го забрзуваат процесот на испарување, што доведува до забрзано губење на големи количини на вода. Сепак не треба да се заборави дека варијациите на нивото на Езерото се циклична појава. Во повеќе пишани документи од минатите 200 години, посредно или непосредно може да се заклучи дека периодот на максимално и минимално ниво е со променлива периода и се движи од 25 до 40 години.

-Од тука, планираните активности се насочени кон постигнување на две генерални цели и тоа: подобрување на условите во животната средина со обезбедување на подобар статус на водата, почвата и биодиверзитетот за да се заштити здравјето на луѓето и целиот екосистем на сливот на Препанското Езеро (квалитет на водите) и како втора цел одржливо и ефикасно искористување на водата и контрола на нивото на Езерото кое го делиме со уште две соседни држави и за што ќе треба заедничка координација, како и контрола и на подземните води (количина на водите), наведува Министертсвото.

МЖСПП додава и дека ја обезбеди поддршката на Фондот за Природа „Преспа-Охрид“ – ПОНТ за имплементација на Акциониот план преку пет тригодишни грантови за надлежните институции во заштитената област и главните надлежни чинители, во вкупен износ од 1.602.382 евра.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:годишен буџетПреспанско езероспас на езерото
Претходен напис Тутунот се откупува, притисокот е на Второстепената комисија
Следен напис Продолжува договорното производство на сончоглед со поддршка на МЗШВ, можност за договорно за соја и маслодајна репка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?