Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дали сте слушнале за „ткаење на брдо“? – Младата Ивана од Нови Сад ја оживеа оваа старата техника за ткаење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Дали сте слушнале за „ткаење на брдо“? – Младата Ивана од Нови Сад ја оживеа оваа старата техника за ткаење
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРурален Развој

Дали сте слушнале за „ткаење на брдо“? – Младата Ивана од Нови Сад ја оживеа оваа старата техника за ткаење

Објавено 09/12/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Казанџија, грнчар, теслар, оџачар…  се само некои од професиите кои во минатиот век биле многу популарни, а занаетчиските работилници  биле распространети скоро во секој град. Денес ситуацијата е сосема поинаква. Луѓето ретко се одлучуваат да се занамваат со стари занаети, особено младите  кои, за многу од имињата на старите занаети никогаш не слушнале. За среќа сеуште има млади луѓе кои ја негуваат љубовта кон традицијата и рачните изработки искажувајќи го тоа преку разни видови на занаети. 

Ивана Мораревиќ(27) од Нови Сад, активно се занимава со ткаење  веќе една година. Сама ја научила оваа стара трхника на ткаење најмногу користејќи информации  кои се достапни на интернет, но посетувала и курс за ткаење на разбој кој и помогнал да ги совлада ситните детали на овој занает. Самиот процес на ткаење, според нејзините зборови, е едноставен за изведба, а она што бара повеќе напор е стекнување на чувство за затегање на нишките.

– „Со години сакав да научам да ткаам, иако бев обесхрабрена бидејќи верував дека тоа  е можно само со употреба на разбој. Дури кога случајно ја најдов руската техника за ткаење на брдо и нордиското ткаење,  одлучив да се испробам во тој занает. Со оглед на тоа дека ја сакам точноста и цврстината во секоја рачна работа , ваквото ткаење веднаш ме привлече“, изјави таа.

Ивана од мала се интересирала за рачните изработки, а се занимавала и со изработка на накит од жица, плетење, везење и сл. Моментално, покрај ткаењето, активно плете и везе. Според нејзините зборови ,уште од дете наголем сон и бил да се занимава со рачни изработки и да патува по светот.

-„Отсекогаш сум чувствувала љубов кон традицијата, моите баби се занимавале со рачни изработки и тоа ме привлекуваше. Кога сама се впуштив во истражување и го открив богатството на народната традиција,  таа љубов созреа. Моментално во склоп на Здружението за негување на српското народно творештво Луг Велес истражувам и работам на промоција на нашата култура“, вели оваа девојка. 

Младата Ивана примарно изработува ткаенини и ремени , мотивите кои ги изработува се директно извлечени од народното творештво и народните носии. Понекогаш мотивите ги прави комплетни, но често знае да издвои само одреден дел. Таа го основала својот бренд „Božidraga tkanje“ кој настанал како идеја,  нејзиното творештво, да го подели со светот. На почетокот тоа првенствено било само хоби, а сега има желба ткаењето да го претвори во извор на постојани приходи.

-„Oвој начин на ткаење е многу сличен на разбојот, нишките се вовлекуваат низ брдото, се затегнуваат и се почнува со ткаење. Брдо е алатка за ткаење која изгледа како дрвена решетка со посебно поставени отвори“, објаснува Ивана.

Според нејзиното мислење традицијата е важен дел на личноста на еден народ и важно е да се зачува за да бидеме поврзани со своите корени. Запознавањето на традицијата е воедно и запознавање на еден народ на кој таа припаѓа, а во тоа спаѓаат старите занаети исто како и самите обичаи. Ивана е вистински пример за тоа како малдите луѓе можат успешно да работат на зачувување на традицијата, народните обичаи и културата. Рачната изработка и старите занаети се добар начин да се искаже креативноста и иновативноста, а вложената енергија може да стане и редовен извор на приходи.

Извор: agromedia.rs

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:стара техникастари занаетиткаење
Претходен напис Асоцијацијата за е-трговија потпиша меморандум за соработка со Македонската берза
Следен напис И тоа се случи, за прв пат во историјата на американската берза се тргува со вода
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?