Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Асоцијацијата за е-трговија потпиша меморандум за соработка со Македонската берза
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Асоцијацијата за е-трговија потпиша меморандум за соработка со Македонската берза
Агровести

Асоцијацијата за е-трговија потпиша меморандум за соработка со Македонската берза

Објавено 09/12/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Македонската берза денеска потпишаа меморандум за соработка кој е во насока на заедничка едукација и унапредување на изворите на финансирање за македонските претприемачи и е-трговци.

Потпишувањето на Меморандумот произлегува од стратешките определби на двете институции и нивната комуникација во рамки на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Целта на документот е да се почне поблиска соработка меѓу АТЕМ и Берзата во доменот на размена на информации, едукација и создавање партнерство во функција на идно поповолно деловно окружување и поефикасно финансирање на претприемачите, односно унапредување на пазарот на е-трговија и на пазарот на хартии од вредност во земјава.

– Има многу млади претприемачи и старт-ап компании во нашата земја кои имаат одлични идеи и голем потенцијал за раст развој на нивниот бизнис. COVID-19 отвори уште повеќе можности за прогресивните претприемачи, но и предизвици за брза адаптација и егзекузија, бидејќи идеите без имплементација ќе останат само идеи. Расте и потребата за развој и промоција на нови начини на финансирање за домашните компании, а соработката со Македонска берза верувам дека ќе биде обид да им се даде можност на ваквите компании кои имаат потенцијал да остварат брза експанзија и успех, вели претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска.

Главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев посочи дека стратешка определба на Берзата е да врши континуирана промоција и едукација за можностите и предностите на пазарното финансирање на деловните субјекти, без разлика на нивната моментална организациона форма и животна фаза.

– Претприемачите и страт-апите кои се членки на АТЕМ секако припаѓаат на иновативниот дел на македонската економија и како такви најверојатно можат да приберат финансиски средства од определени инвеститори, пред се преку шемите на колективно финансирање, вели Штериев.

Првата заедничка активност е веќе закажана за14 овој месец кога ќе се одржи онлајн настан, на кој Берзата ќе ја презентира глобалната иновативна crowdfunding платформа Funderbeam, за која таа е екслузивен застапник во земјава. Настанот ќе биде отворен за сите членови на АЕTМ и на него ќе може да се информираат за сите детали околу оваа платформа како извор на финансирање за нивните постојни и идни проекти и бизнис иницијативи. Преку оваа платформа македонските стартапи имаат можност за пазарно финансирање, локално и глобално, во зависност од нивната иновативност и конкурентност, а домашните инвеститори прилика да вложат во бизнис проекти во кои ќе препознаат добар потенцијал.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Асоцијација за е-трговијаМакедонска берзаМемурандумсоработка
Претходен напис Амазонската прашума за 18 години изгуби површина колку Шпанија
Следен напис Дали сте слушнале за „ткаење на брдо“? – Младата Ивана од Нови Сад ја оживеа оваа старата техника за ткаење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?