Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Уште една успешна реколта на Митат Исмаиловски од Будаково: Висок принос и одлична цена на сончогледот од договорното производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Уште една успешна реколта на Митат Исмаиловски од Будаково: Висок принос и одлична цена на сончогледот од договорното производство
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Уште една успешна реколта на Митат Исмаиловски од Будаково: Висок принос и одлична цена на сончогледот од договорното производство

Објавено 28/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Еден од нашите наголеми производители на сончоглед од договорното производство е земјоделецот Митат Исмаиловски од село Будаково.

Плодните пелагониски ниви, тој ги работи крајно професионално со извршување на сите потребни агротехнички мерки кои и годинава му донесоа богат род и квалитет.

-Годинава имав насеано 140 хектари со сончоглед, во договор со Фабриката „Благој Ѓорев“ од Велес. Со нив соработувам неколку години и сум задоволен особено кога почна договорното производство преку кое добиваме семе и други репроматеријали регрес, а годинава уште во договорот имавме и загарантирана откупна цена. Имав принос од 2 100 килограми од хектар, а го дадов по цена од 20 денари за килограм плус ДДВ – вели Исмаиловски и додава дека и за следната година повторно планира да засее поголеми површини со сончоглед.

Проблемот  со пласманот на земјоделските производи најлесно се надминува со поголем развој на договорното производство со што земјоделците имаат сигурен пласман а со тоа и сигурна заработка.

Ваква шанса нуди нашиот најголем преработувач на сончоглед, Фабриката „Благој Ѓорев “ од Велес. Капацитетот за преработка е 40 000 тони, а со тоа можноста за склучување договори со производителите е голема и треба да се искористи. На тој начин ќе се намали и одливот на девизи од државата, што е важно за намалување на трговскиот дефицит но и за граѓаните кои ќе користат масло од домашна и проверена суровина.

Според изјавата на првиот човек на фабриката, Горанчо Лазов, во план е да продолжи договорното производство на сончоглед и во 2021 година. За условите и начинот на соработка со земјоделците дополнително ќе информира.

МЗШВ имајќи ја предвид можноста за враќање на сончогледот на македонските ниви, ги зголеми субвенциите на 400 евра од хектар за земјоделци кои ќе насеат до 20 ха, а услов беше да се произведе минимум 1500 килограми од хектар.

Преку платформата Агротим ќе ве информираме за сите активности поврзани со договорното производство на сончоглед , набавка на квалитетно семе, склучувањето на договорите со „Благој Ѓорев“, ќе го следиме процесот на производство, ќе ви даваме совети за правилно извршување на агротехничките мерки, за да добиете повисоки приноси и подобар квалитет, а со тоа и повисока цена. Исто така ќе ве потсетиме на важноста од земјоделското осигурување, за што државата плаќа 60% од осигурителната полиса.

Може да ви се допадне

Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Трипуновски: Оваа година е година на инвестиции и системски промени во земјоделскиот сектор
Планираната сеидба на сончоглед во Русија е на 10,9 милиони хектари
Белгискиот град Oденар бесплатно ќе дели семе од сончоглед за да го подобри имиџот на „Тоскана на северот“
Иротова: Се обработуваат барањата за исплата на субвенциите за тутунарите, предност се дава на тие што предале до 2 тона тутун
Таг:Митатоткупсончоглед
Претходен напис Што се случува кога ќе се направи ракија како спој од слива и дуња?
Следен напис Кои се чекорите за да произведете органска пиперка за која се добиваат 100% повисоки субвенции и има обезбеден пласман
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?