Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фарма за калифорниски црви во скопско Јурумлери, интересот за биохумус се зголемува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Фарма за калифорниски црви во скопско Јурумлери, интересот за биохумус се зголемува
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Фарма за калифорниски црви во скопско Јурумлери, интересот за биохумус се зголемува

Објавено 22/10/2019
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Биохумус е високо квалитетно органско ѓубре добиено од арско ѓубре со помош на калифорниски црви. Калифорниските црви арското ѓубре го преработуваат една година. Потоа се суши сее и пакува. Богато е со сите органогени елементи, микроелементи и биоактивни микроорганизми. Идеално е за употреба во органското земјоделие. Се положува непосредно до коренот и не може да се предозира, а растенијата лесно и брзо го асимилираат. Биохумус од просечен квалитет содржи: 5 пати повеќе азот, 7 пати повеќе фосфор, 11 пати повеќе калиум и 3 пати повеќе магнезиум од арското ѓубре.

kaliforniski_crvi_jurumleri_1

Производството на биохумус од калифорниски црви во иднина ќе станува се поатрактивен семеен агробизнис, поради европскиот тренд за производство на органска храна. Тоа е всушност и основното очекување на овие производители, да се поврзат директно со земјоделците кои ќе го користат органско микробиолошко ѓубриво произведено од калифорниски црви во градинарството, овоштарството, лозарството и другите земјоделски гранки.

kaliforniski_crvi_jurumleri_2

– Интересот се зголемува секоја година се повеќе од земјоделци кои сакаат да произведуваат поквалитетно, да добиваат повисоки приноси и еколошки производ – вели Владимир Михајловиќ.

kaliforniski_crvi_jurumleri_3

Тој со ова производство во скопско Јурумлери започнал да се занимава од скоро, но веќе 5-6 години бил активно вклучен на фармата на неговиот пријател каде буквално ја учел технологијата на ова производство.

kaliforniski_crvi_jurumleri_4

– Имав добар ментор, учев од пракса но и многу читав и гледав видеа од едукативни статии на интернет- вели нашиот соговорник и додава дека најдобро за почеток на бизнисот е да се почне со 20-30 легла и 2-3 бокса кои по извесно време се размножуваат и така се шири фармата.

kaliforniski_crvi_jurumleri_5

– За едно четворочлено семејство за да обезбеди егзистенција доволни се 50-100 легла . Но сепак тоа е релативна работа. Што се однесува до поддршка од државата засега не сме влезени во програмата за субвенционирање. Се надеваме дека со развојот на овој агробизнис како и со поголемото побарување на ова најквалитетно ѓубриво за добивање на еколошки род, ќе добиеме и државна помош – вели Михајловиќ.

Може да ви се допадне

Трипуновски на камен темелник на свињарска фарма
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Спремете се за претстојната сезона: ВАКУМСКА СЕАЛКА ЗА ПЧЕНКА- OZDOKEN
Анастасија Шушак ја чува фармата и сонот на нејзиниот татко: Нашиот ден започнува и завршува во шталата
Таг:биохумусѓубривојурумлерикалифорниски црвифарма
Претходен напис Еве колку е инвестицијата и добивката во мини фарма од 100 легла калифорниски црви
Следен напис Под кора – најбрз и наједноставен начин на прекалемување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?