Maja Коистра, Македонка која четири години живее и работи во Холандија, неодамна на холандскиот пазар пласираше тиквешка жолта ракија под брендот „Маја“. Размислувајќи за својот претприемачки поход, изборот на Маја застанал на традиционален македонски производ кој за странците е вистинско изненадување кое го прифаќаат со воодушевување. Таа ја однесе нашата ракија на трпезите во Холандија. Маја веќе четири години живее и работи во Холандија, а нејзиниот претприемачки дух го искористила да го донесе најдоброто од Македонија на овој пазар.
Разговараше- Верица Јорданова – Иновативност.мк
Maja, кажете ни како се случи брендот тиквешка ракија „Маја“ да се „роди“ во Холандија?
Отсекогаш сум го сакала своето име. Но секако тоа не е единствената причина да ја брендираме жолтата ракија Маја. Кога правевме тестирање на пазарот, увидовме дека Ракија или Лозова Ракија не е опција од причина што луѓето ја поистоветуваат со грчката ракија чиј процес на производство е сосема различен. Граппа исто така не беше опција од исти причини. Во една прилика кога го тестиравме производот во еден локален бар еден човек ме праша како се викам и предложи да го користиме името Маја. Коинциденција е што моето име потекнува од Холандија. Додека мојот татко бил на студентска размена и престојувал во Амстердам, ја гледал познатата руска балерина Маја Плицескаја и бил воодушевен од нејзиниот перформанс. Одлучил ако има ќерка да се вика Маја. Интересно нели?
Каде се произведува и пакува ракијата? Колкави количини увезувате, планирате ли да се зголемуваат?
Станува збор за жолта ракија, која се произведува во „Тиквеш“. Бизнисот го регистриравме на 8 септември 2020 и до сега имаме направено еден увоз. Планираме континуиран увоз затоа што сакаме да бидеме присутни во сите поголеми градови во Бенелукс регионот. Веќе имаме состаноци со големи ланци на супермаркети кои имаат продавници на алкохол низ цел регион.

Како дојдовте на идеја токму ваков продукт да понудите на пазарот во Холандија?
Кога се преселив во Холандија бев многу среќна што сум тука зашто Холандија е една прекрасна земја. Луѓето се културни, убави и директни, нешто што многу ми се допаѓа од причина што знаете на што сте и нема скриени игри. Во Холандија буквално можете да најдете сè што ќе посакате. Но уште од првиот ден ми недостасуваше нашата жолта ракија и чувството да се замези пред вечерата со една чашка ракија. Не само на мене, туку и на мојот сопруг и на нашите пријатели кои имаа прилика да ја пробаат ракијата за време на нивните посети во Македонија. Ова за мене беше импулс да ги контактирам „Тиквеш“ и да ја испитам можноста за бизнис. Од менаџментот на Тиквеш со кој долго време претходно соработував добив информација дека до сега никој не увезол ракија за бизнис, што дополнително ни даде поттик. Нашата стратегија беше е да го избереме најдоброто од Македонија и да го донесеме македонскиот мит во овој регион.

Интервјуто во целост на следниот на Иновативност.мк
