Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: После два милениуми откриен мистериозен цртеж во пустина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > После два милениуми откриен мистериозен цртеж во пустина
Магазин

После два милениуми откриен мистериозен цртеж во пустина

Објавено 21/10/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Археолозите во Перу открија голем цртеж на мачка, кој досега бил неоткриен подогло од 2.000 години и тоа во познатата пустина Наска. Тој цртеж е дел од прочуените геоглифи кои се една од најгоелмите мистерии во археологијата поради својата бројност и големина. Археолозите веруваат дека цртежите имале ритуална улога и одредена функција во астрономијата.

Цртежот на мачка долг 37 метри бил досега едвај видлив и скоро исчезнал бидејќи се наоѓал на рид со голем наклон и го уништувала ерозијата, наведуваат од Министерството за култура на Перу.

Археолозите наведуваат дека го откриле овој цртеж кога се обидувале да го поправат погледот од местото кое го користат туристите во прочуената пустина Наска.

Џони Исла, археолог кој во Министерството за култура на Перу е задолжен за пустината Наска, вели дека очекува уште вакви откритија.

​- „Ги откриваме се повеќе благодарение на новите технологии. Прво од голема помош ни е тоа што можеме да правиме снимки од дрон од ниски височини, додека порано можевме тоа да го правиме само низ снимки од авион“, вели тој.

Според проценките на стручњаците, овој цртеж настанал помеѓу 500 години п.н.е и 500 години од новата ера.

Наска цртежите се наоѓаат во истоимената пустина, оддалечена 400 км од престолнината на Перу, Лима и се едни од најголемите археолошки мистерии. За прв пат се откриени во 1927 година и се под заштита на УНЕСКО.

Тие на површината на земјата се едвај видливи, но кога се гледаат од взодух, можат да се забележат огромни цртежи, главно животни и растенија. Поедини геоглифи можат да се видат од височина. Големината им почнува од десет па до неколку стотина метри, додека длабочината на линијата е само неколку сантиметри во тлото.

Научниците и понатаму не знаат зошто латиноамериканските цивилизации, кои постоеле пред доаѓање на Европјаните, ги направиле овие геоглифи.

Поедини истражувачи веруваат дека големите цртежи се подарок на боговите во кои верувале нивните творци.

Други научници, меѓутоа веруваат дека геоглифите имале астрономска функција и дека претставувале мапа на соѕвездие или дека биле некој вид опсерваторија која укажувала на места на небото на која се наоѓаат одредени небесни тела.

 Извор: RTV.RS

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:геоглифиНаскаПеруцртеж
Претходен напис Голем помор на риби кај производители на крап на Тиквешко Езеро
Следен напис Хоџа: Задругите претставуваат многу значајни партнери во земјоделскиот сектор во сите земји членки на ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?