Археолозите во Перу открија голем цртеж на мачка, кој досега бил неоткриен подогло од 2.000 години и тоа во познатата пустина Наска. Тој цртеж е дел од прочуените геоглифи кои се една од најгоелмите мистерии во археологијата поради својата бројност и големина. Археолозите веруваат дека цртежите имале ритуална улога и одредена функција во астрономијата.
Цртежот на мачка долг 37 метри бил досега едвај видлив и скоро исчезнал бидејќи се наоѓал на рид со голем наклон и го уништувала ерозијата, наведуваат од Министерството за култура на Перу.
Археолозите наведуваат дека го откриле овој цртеж кога се обидувале да го поправат погледот од местото кое го користат туристите во прочуената пустина Наска.
Џони Исла, археолог кој во Министерството за култура на Перу е задолжен за пустината Наска, вели дека очекува уште вакви откритија.
- „Ги откриваме се повеќе благодарение на новите технологии. Прво од голема помош ни е тоа што можеме да правиме снимки од дрон од ниски височини, додека порано можевме тоа да го правиме само низ снимки од авион“, вели тој.
Според проценките на стручњаците, овој цртеж настанал помеѓу 500 години п.н.е и 500 години од новата ера.
Наска цртежите се наоѓаат во истоимената пустина, оддалечена 400 км од престолнината на Перу, Лима и се едни од најголемите археолошки мистерии. За прв пат се откриени во 1927 година и се под заштита на УНЕСКО.
Тие на површината на земјата се едвај видливи, но кога се гледаат од взодух, можат да се забележат огромни цртежи, главно животни и растенија. Поедини геоглифи можат да се видат од височина. Големината им почнува од десет па до неколку стотина метри, додека длабочината на линијата е само неколку сантиметри во тлото.
Научниците и понатаму не знаат зошто латиноамериканските цивилизации, кои постоеле пред доаѓање на Европјаните, ги направиле овие геоглифи.
Поедини истражувачи веруваат дека големите цртежи се подарок на боговите во кои верувале нивните творци.
Други научници, меѓутоа веруваат дека геоглифите имале астрономска функција и дека претставувале мапа на соѕвездие или дека биле некој вид опсерваторија која укажувала на места на небото на која се наоѓаат одредени небесни тела.
Извор: RTV.RS