Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Снаа и свекрва со домашна храна создаваат успешна бизнис приказна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Снаа и свекрва со домашна храна создаваат успешна бизнис приказна
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Снаа и свекрва со домашна храна создаваат успешна бизнис приказна

Објавено 03/10/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во тетовско Доброште Ирена Синадиновска со свекрвата, сопругот и синот минатата година произвеле над 1000 тегли ајвар, џемови, слатко како и друг вид домашна и традиционална храна која ја продавале на своите веќе постојани купувачи. Тие веќе петта година својата егзистенција ја имаат единствено преку овој начин-сите земјоделските култури што ги одгледуваат на своите ниви потоа ги преработуваат во традиционална домашно зготвена храна и ја продаваат.

– Целото семејство е вклучено сопругот, свекрвата, синот и јас. Посебно јас и свекрвата, без неа не би можела да фунцкионирам. Минатата година зготвивме над 1000 тегли, а побарувачката расте.  Искрено, сакам да најдам некоја жена за помош, да биде платена за работа, ама не се нафаќа никој ова да го работи, па оттаму и објаснувањето зошто расте интересот да се купи домашна храна, вели Ирена Синадиновска.

Синадиновски имаат свои земјоделски површини на кои се огледуваат сите можни култури од кои се прави домашната храна и зимницата. Имаат и добиток-крави и телиња.

-Сега периодов сме сконцетрирани на правење домашна зимница бидејќи имаме наши пиперки, домати, лук, кромид и се што е потребно. Сметам дека се повеќе се купува домашната храна затоа што е поздрава за разлика од индустриската, објаснува Ирена.

Периодов, како што налага сезоната, Синадиновски се ангажирани со подготвување на домашна зиманица. Во текот на целата година имаат продажба на домашно бело сирење и кашкавал.  Одгледуваат и продаваат грав, лешници, аронија и други видови овошја.

-Имаме наши крави од кои имаме млеко и кое го преработуваме па правиме домашно сирење, кашкавал со разни додатоци, со аронија пример, во маслиново масло и слично. Оваа работа ја правиме во текот на целата година бидејќи постојано има млеко од добитокот кои самите ги одгледуваме во нашиот двор, вели таа.

Домашно подготвената храна на село се повеќе се бара да се купи во градовите.

-Ние во тетовската околина имаме најмалку заинтересирани бидејќи сметам дека се уште во селата луѓето претежно самите си готват домашна храна и зимница. Од друга страна побарувачка имаме од луѓе во Скопје и другите градови низ Македонија.  Ваквата храна ја испраќаме на печалбарите во Германија, Словенија,  Англија, вели домаќинката од Доброште.

Ирена и семејството имаат регистрирано и фирма согласно новите правилници за индивидуалните земјоделци кои продаваат преработки од нивните производи (познати како правилници за продажба на земјоделски производи од „куќен праг“).

MИА

Може да ви се допадне

Намален прометот од продажба на услугите
Во пресрет на Велигден: За кого оди 90% од унгарското јагнешко месо и по која цена?
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Зголемен прометот од продажба на услуги
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
Таг:женаправилниципродажба
Претходен напис Смеса од лук и јаболков оцет – вистинско чудо за вашата кожа!
Следен напис Битиќи: Отворена врата за сите економски експерти кои и мислат добро на татковината!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?