„Големите стратешки документи мора да бидат донесени преку вклучување на сите релевантни чинители и тие да бидат следени и почитувани без разлика на тоа кои политички партии во определен момент ја имаат честа да ја формираат Владата” – вели вицепремиерот Фатмир Битиќи во интервјуто за „Капитал” во кое го најавува формирањето на платформата #ЗаТатковинатаСоЉубов.
#ЗаТатковинатаСоЉубов ќе биде ризница на знаење и искуство од домашни експерти и истата нема да прави поделба по политичка, родова, етничка или било каква припадност, напротив ќе спојува, создава и движи напред во насока кон одржлив и стабилен економски развој. Дел од неа ќе бидат врвни економски експерти без разлика на нивната политичка позадина и независно од приврзаноста кон определена економска школа. Идејата е преку нивниот ангажман да се изберат најдобрите пристапи и алтернативи за тоа како би се развивал севкупниот економски систем во државата и кои се насоките кои треба да се следат за да се достигне забрзан економски развој – потенцира Битиќи во интервјуто.
Битиќи на позицијата вицепремиер за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции доаѓа после 20 годишно работно искуство како интернационален експерт од областа на менаџирањето со економски процеси и реформи во над 100 различни програми и проекти со цел развој на сектори, државни институции, стопански комори и компании.ПРЕТХОДНО
