Народната медицина може да го реши вашиот проблем со темните дамки на кожата.
Доктор Даг Визлин открил ефикасно решение за брзо отстранување на темните дамки на кожата кои најчесто се јавуваат кај постарите луѓе, но се појавуваат и кај младите, како последица од прекумерното изложување на сонце.
Секако мора да побарате совет од доктор доколку забележите дека дамките брзо растат и доколку се појави црвенило, крварење, чешање, чувствителност на кожата или во случај кога дамките значително ќе потемнат.
Меѓутоа ако имате едноставни темни или како уште некои ги викаат старечки дамки, можете да ги отстраните и со природни лекови. Американскиот лекар Даг Вилзин открил природно, брзо и силно решение кое помага при отстранување на старечките дамки.
Лекот се состои од јаболков оцет и лук. Лукот е богат со антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали. Бидејќи јаболковиот оцет содржи алфахидрокси киселини, тие ефикасно ги убиваат мртвите келтки и поттикнуваат појава на нов, здрав слој на кожата. А мешањето на овие две состојки дава одлични резултати за здравјето на кожата.
Подготовка на лекот:
Измијте го лукот и исечете го на парчиња. Ставете во блендер и добро сомелете го. Потоа додадете домашен јаболков оцет и уште малку мешајте во блендер. Треба да се користи приближно иста количина на состојки. После тоа нанесете ја смесата на памучна крпа па ставете ја како облога на рацете и местата каде што се појавиле дамките. Оставете да делува 30 минути. Потоа темелно измијте го местото со ладна вода. Ако ви остане од смесата, можете да ја чувајте во фрижидер 20 дена.
Извор: Еspreso.rs