Зголемената присутност на технологијата во земјоделството даде многу успешни проекти, од далечинско наводнување, беспилотни летала со сензори, до разни уреди кои го олеснуваат производството во сите гранки на земјоделството, вклучувајќи го и пчеларството.„СМС ВАГА“ е уред за далечинско мерење кој ја најде својата примена во пчеларството, а беше произведен уште во 2012 година од компанијата Оптички ДОО од Крушевац.
За овој тестиран прототип на вага што ќе користи “narrow band” технологија за пренос на податоци, во компанијата од Крушевац веруваат дека целосно ќе го промени пазарот, пренесува Вечерње новости
Затита од кражба
Според официјалната веб-страница на компанијата , системот покрај мерењето на приносот на мед, може и да алармира при упад на крадци во пчеларникот со употреба на соодветни сензори, мери температура и влажност, известува во случај на ненадејно губење на тежината и друго.
Присуството на современата технологија во пчеларството зема се поголем замав кај нас и во светот. Така на пример компанијата ApisProtect разви решение што ја намалува загубата на пчелните семејстав, го подобрува приносот во комерцијалното пчеларство и истовремено им ја олеснува работата на пчеларите.
Податоците се собираат со помош на разни сензори и во истата секунда се испраќаат до главната канцеларија на компанијата во Корк, Ирска. Користејќи ја технологијата „Интернет на предметите“, на пчеларите им се овозможува следење на сите промени во заедницата, како и отстранување на проблемите доколку се појават.
Пред четири години, ИТ експертите од Србија направија нешто слично, односно развија систем што ја следи состојбата на пчеларникот преку интернет: маса, температура, звук, влажност, притисок. Сите параметри кои им се важни на пчеларите за да имаат увид во состојбата на нивните пчелари и тоа 24 часа 365 дена во годината.
Извор: Агроклуб
