Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжува трендот на голема побарувачка за струмичките градинарски производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Продолжува трендот на голема побарувачка за струмичките градинарски производи
АгровестиПазариРастително производство

Продолжува трендот на голема побарувачка за струмичките градинарски производи

Објавено 10/09/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Продолжува трендот на голема побарувачка за струмичките градинарски производи, а најбарана е пиперката „ајварка“, информираат за МИА откупувачи и производители од регионот.

Оваа пиперка се откупува од 20 до 30 денари за килограм, а најмногу се пласира на пазарите во поранешните југословенски републики и во Европската унија.

-Со „ајварката“ работиме „турбо“. Прва класа се откупува за 30, а втората за 20 денари за килограм и неа ја откупуваме за преработувачите. Најмногу интерес за „ајварката“ има од сите поранешни југословенски републики и од повеќе европски пазари, рече Благој Витанов, откупувач од Струмица.

Информира дека и конзумното грозје има откупна цена од 20 до 25 денари за килограм, а корнишоните, во зависност од квалитетот и класите, се откупуваат од 8 до 43 денари за килограм.

-Покрај овие градинарски прозиводи има интерес и за фефероните, кои се откупуваат до 25 денари за килограм, долгата краставица од 30 до 35 денари, зелената пиперка е 30 денари, а доматите се откупуваат, исто така, за 30 денари за килограм. Имаме стабилни откупни цени и што е најважно сите кои имаат производство ќе им биде откупено, додава Витанов.

И производителите потврдуваат дека продолжува големиот интерес за вторите градинарски култури од регионот и не го кријат задоволството од откупните цени.

-За разлика од порано годинава приизводството е намалено, но и покрај тоа нас не радува што откупот продолжува со стабилни цени. Заради врнежите од дожд има намалување на приносите кај пиперката „ајварка“ на отворено, но под пластеници родот и добар и до крајот на сезоната според мои сознанија останува да се собере околу 30 отсто од производството. Со еден збор кажано вторите култури засега одлично поминуваат, изјави Ристо Велков од Сојуз на синдикат на земјоделски производители од Струмица.

Инаку, пиперката „ајварка“ годинава во Струмичкиот регион е засеана на над 2 илјади хектари и обично се одгледува на површините кои претходно се садат со пролетна зелка.

МИА

Може да ви се допадне

Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Предлог: До 50.000 евра за предавање на фарма на млад земјоделец
Богатите вкусови на калинката и нејзините производи изложени на Фестивалот на калинка во Валандово
(ВИДЕО) БИК ПРОДАДЕН ЗА 35.000 евра: Нема ниту една година, а на сите тестови покажа дека е најдобар
Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард
Таг:голема побарувачкаГрадинарски производипиперкиструмички производи
Претходен напис Развој на технологијата во пчеларството: Далечинско мерење на приносите и аларм во случај на кражба?
Следен напис И малите производители легално ќе продаваат од дома, АХВ со правилниците директно на терен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?