Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одложено стапувањето во сила на новата уредба за органско производство, а ЕК започнува јавно советување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > Одложено стапувањето во сила на новата уредба за органско производство, а ЕК започнува јавно советување
Органско производствоПазари

Одложено стапувањето во сила на новата уредба за органско производство, а ЕК започнува јавно советување

Објавено 10/09/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската комисија започна јавно советување за својот иден акциски план за органско земјоделство, но предложи и одложување на стапувањето во сила на новата уредба за овој вид на производство и тоа за една година, пишува Еuractiv.

Најавено е дека комисијата ќе го поддржи овој сектор кој игра клучна улога во постигнувањето на целите за спроведување на стратегијата „Од нива до трпеза“, како и оние за биолошка разноликост, вклучувајќи го и планот до 2030 година, 25% од вкупното земјоделско земјиште да биде со органско производство.

Целта на акцискиот план е да се испита како овој вид на производство може да помогне во тоа да земјдоелско – прехрамбениот сектор ја подобри својата одржливост во ланецот на снабдување, развивајќи ја и побарувачката за такви производи. Советувањето за планот, кој би требало да се усвои на почетокот на 2021 година, ќе собере повратни информации од граѓаните, државните власти и релевантните учесници на советувањето, а ќе започне на 27 ноември.

Уредбата се одлага за една година

Новиот сет на правила за еколошко земјоделство, кој беше одобрен во 2018 година после долгогодишни преговори помеѓу застапниците во Европскиот парламент и минситрите за земјоделство, осмислен е да обезбеди чесно пазарно натпреварување, а истовремено да ги спречи измамите и да се одржи довербата на потрошувачите во овој секторот кој брзо се менува и расте.

Новата уредба првенствено требаше да стапи на сила на 1 јануари 2021 година, но законодавците и преговарачите се залагаат за едногодишно одложување на нејзината примена, значи, до 1 јануари 2022. Сметаат дека е потребно одлагање со цел да се обезбеди непречена транзиција и да им се овозможи на производителите, контролните и надлежните тела правилно да се подготват.

Комисијата го поддржала овој став, велејќи дека, иако новата уредба дава солидна основа, подзаконските акти кои треба да се усвојат мора да бидат еднакво прилагодени.

Водачите ја поздравуваат оваа одлука

– “Органското земјоделство ќе биде клучен сојузник во транзицијата која ја водиме според одржливиот прехранбен систем и подобра заштита на нашата биоразноликост“- коментираше комесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски. Оваа вест која ја поздрави и Норберт Линс, претседател на Одборот за земјоделство во Европскиот парламент. Тој тврди дека ова одлагање ќе им даде на земјоделците и на националните власти повеќе време да се прилагодат.

Идентичен став имаат и здруженијата за еколошко производство EU IFOAM, чиј претседател Јан Плаге вели дека, новиот Акционен план е пресуден Европа да стане „позелена“.

– “Потребен ни е ваков конкретен чекор за да ја зголемиме побарувачката и да ја подигнеме свеста за предностите на еко производството, што е клучен аспект на акцискиот план“, изјавил тој.

Едуардо Куоко, директор на IFOAM, додава дека одлагањето на новиот пропис „ мудра одлука“, на државите членки ќе им овозможи правилно да ја завршат работата на законодавството.  

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Закон за органско земјоделско производство: Кои се барањата за да се занимавате со органско растително производство
Закон за органско производство: Барања за органско сточарско производство и органско пчеларство
Закон за органско производство: Барања за производство на органска преработена храна
Таг:акциски план на ЕУекјавно советувањеорганско производство
Претходен напис Во Могила промоција на правилниците за директно снабдување
Следен напис Развој на технологијата во пчеларството: Далечинско мерење на приносите и аларм во случај на кражба?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?