Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Директорката на АФПЗРР, ИРОТОВА – ЛАЗАРЕВА СО ШОКАНТНИ СОЗНАНИЈА ОД ТЕРЕН ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА СУБВЕНЦИИ!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Директорката на АФПЗРР, ИРОТОВА – ЛАЗАРЕВА СО ШОКАНТНИ СОЗНАНИЈА ОД ТЕРЕН ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА СУБВЕНЦИИ!
Агровести

Директорката на АФПЗРР, ИРОТОВА – ЛАЗАРЕВА СО ШОКАНТНИ СОЗНАНИЈА ОД ТЕРЕН ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА СУБВЕНЦИИ!

Објавено 11/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заедно со контролорите на Агенцијата, поминавме напорен, но исклучително продуктивен ден, информира директорката на АФПЗРР, Даниела Иротова – Лазарева.

-Резултатите од извршените контроли отвораат сериозни прашања за начинот на користење на финансиската поддршка и веродостојноста на пријавените податоци.

🔹 Трактор набавен преку програмата за рурален развој во 2023 година – при денешната екс пост контрола во с. Бичево, Струшко, не е пронајден кај земјоделското стопанство, ниту на пријавените земјоделски површини. Според изјавите на присутните, бил даден на користење на друго лице а во стопанскиот двор нема никави траги од истиот, а постојат и писмени дојави дека е продаден. Корисникот има договорна обврска најмалку пет години да ја користи инвестицијата за потребите на своето стопанство и да не ја дава на трети лица и да ја отуѓува.

- Реклама -
Ad image

Парите мора да ги вратиме во буџет!

🔹 Пријавени 50 пчелни семејства – при контролата на лице место не беше затекнато ниту едно пчелно семејство, а според расположливите податоци корисникот нема ниту регистарски број на одгледувалиште (РБО).

🔹 Пријавени 600 пчелни семејства – на терен затекнавме само 190 пчелни семејства со пчели и 10 празни сандаци, додека останатите 400 не беа пронајдени.

Финансиската поддршка не е само право да се добијат средства од државата. Таа подразбира и одговорност, исполнување на условите и почитување на преземените обврски.

Контролите продолжуваат – пред исплата, по исплата и во текот на периодот на исполнување на договорните обврски.

Нема селективност и нема привилегирани.

Нашата обврска е да ги заштитиме чесните земјоделци и да обезбедиме јавните средства да се користат за вистинско земјоделско производство.

Пријавеното на хартија мора да постои и на терен – потенцира Иротова.

Може да ви се допадне

Тренинг центар за производство на квалитетно и безбедно млеко и месо ќе се отвори во селото Амзабегово
„Критични прашања во земјоделството и животната средина“ тема на седмата студентска конференција на Земјоделскиот факултет-Штип
Царината во Прилеп запленети 168,7 килограми режан тутун
Струмичани меѓу најактивните апликанти за зелени инвестиции досега
UN Women EXPO 2026: Женското претприемништво креира иновации, нови работни места и посилна економија
Таг:Иротоваконтроласубвенции
Претходен напис Средба на министерот Борче Серафимовски со амбасадорот на Италија, Н.Е. Паоло Палминтери
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?