Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тренинг центар за производство на квалитетно и безбедно млеко и месо ќе се отвори во селото Амзабегово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тренинг центар за производство на квалитетно и безбедно млеко и месо ќе се отвори во селото Амзабегово
Агровести

Тренинг центар за производство на квалитетно и безбедно млеко и месо ќе се отвори во селото Амзабегово

Објавено 11/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тренинг центар за производство на квалитетно и безбедно млеко и месо ќе се отвори во селото Амзабегово во општина Свети Николе. Универзитетскиот професор Димитар Наков од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип појасни дека овој тренинг центар е значаен за практичната настава на студенти, а ќе почне да функционира до крајот на годината.

Тој посочи дека она што ќе се произведе нема да се продава, туку ќе има модерни мини погони, во кои што студентите ќе учат како практично се прави храната. Вклучени се и компаниите, кои ќе ги прифатат студентите на реални работни места и ќе им ги дадат потребните вештини, за веднаш по дипломирањето да бидат спремни за работа во прехранбената индустрија.

-Таму ќе направиме мини погон за преработка на млеко и мини погон за преработка на месо. Тоа нема да биде комерцијален објект, тоа ќе бидат тренинг центри, каде што ќе има опрема со највисоко ниво на дигитализација, каде што студентите ќе може да одат, да учат, да ги научат сите чекори во производството, во безбедно производство на млеко и месо. Станува збор за сериозни компании кои што потоа ќе ги прифатат студентите и на реалните работни позиции ќе успеат да им вградат во нивната едукација вештини, компетенции со кои тие по завршувањето на образовниот циклус ќе бидат подготвени дирекно да се вклучат во синџирот на производство на храна- изјави Наков.

 Тој додаде дека Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип е во фаза на акредитација на две програми за доживотно учење.

- Реклама -
Ad image

-Тоа не се програми за образовние, туку програми за доживотно учење и една  програма ќе биде за оператор во синџирот на производство на млеко и млечни производи, другиот оператор во синџирот на производство на месо. Започнаа активностите и се надевам дека ќе имаат добар тек- изјави Наков.

МИА

Може да ви се допадне

„Критични прашања во земјоделството и животната средина“ тема на седмата студентска конференција на Земјоделскиот факултет-Штип
Царината во Прилеп запленети 168,7 килограми режан тутун
Струмичани меѓу најактивните апликанти за зелени инвестиции досега
UN Women EXPO 2026: Женското претприемништво креира иновации, нови работни места и посилна економија
Саем за вино по осми пат на 12 декември во Кавадарци 
Таг:Амзабеговобезбедно млекоМесотренинг центар
Претходен напис „Критични прашања во земјоделството и животната средина“ тема на седмата студентска конференција на Земјоделскиот факултет-Штип
Следен напис Средба на министерот Борче Серафимовски со амбасадорот на Италија, Н.Е. Паоло Палминтери
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?