Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За две децении производството на мед намалено од 30 на три килограми од пчелно семејство, 2026 година една од најслабите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За две децении производството на мед намалено од 30 на три килограми од пчелно семејство, 2026 година една од најслабите
Агровести

За две децении производството на мед намалено од 30 на три килограми од пчелно семејство, 2026 година една од најслабите

Објавено 06/11/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За две децении производството на мед во земјата е намалено од 30 на три килограми од пчелно семејство, а 2026 година една од најслабите – велат од Пчеларската федерација на Македонија.

Климатските промени се најголемата закана за пчеларството, а продажбата на фалсификуваниот, најчесто увезен мед, со непознато потекло и состав, и натаму останува еден од клучните проблеми.

– По три децении, оваа година е една од најслабите. Ако пред 20-ина години сме произведувале 30-40 килограми мед од пчелно семејство, па дури и повеќе, сега се сведовме на два до три килограми, до максимум пет. Во случај некој да извади седум до десет килограми, велиме дека постигнал рекорд. Ова е навистина огромен пад. Ние пчеларите сме зависни од климатските услови. Во доцните пролетни месеци, околу мај, честопати имаме енормно ниски температури, пет-шест степени. Тогаш вегетацијата е во најголемиот ек и поради таквиот студ, замрзнува. Потоа, за 10-15 дена, температурите значително растат и стануваат многу високи, од 35 до 40 степени, а оптимална температура за производство на мед е 28 до 32 степени. Значи, во втората вегетација и нешто ако воопшто даде цвет, пчелите не се во состојба да го собираат нектарот – изјави за МИА претседателот на Федерацијата, Венче Билбиловски, пред почетокот на 8. пчеларски саем што се одржува од денеска до 7 ноември на плоштадот во Скопје.

Билбиловски и годинава апелира до потрошувачите – да купуваат мед од сертифицирани производители.

- Реклама -
Ad image

–  Со фалсификуваниот мед имаме огромен роблем. Се увезува од разни места и не знаеме со какво потекло е. Се нуди на патишта, пазари, во маркети, и тоа за многу ниски цени, од 150 до 300 денари, и луѓето се залажуваат, а цената е секако репер и можеби е еден од начините како да се препознае дека медот е или не е вистински. Повторно ги повикувам потрошувачите, да си изберат свој сертифициран пчелар и од него да купуваат мед и други пчелни производи. На саемот тука сите излагачи се пчелари со сертификат, со испитан мед во регистрирана лабораторија на Ветеринарниот факултет и сите се пријавени во Агенцијата за храна и ветеринарство, имаат РБО-број. Тоа е гаранција дека продаваат вистински мед – нагласи Билбиловски.

Според него, и покрај предизвиците, пчеларите не се откажуваат од производството.

– Вистински пчелар не се откажува зашто премногу вложил – во материјални средства, сандаци, опрема, правење пчеларник. Ако ништо повеќе, ќе вади мед за себе и за своите пријатели. За новите, младите пчелари, апелираме институциите да помогнат, на некој начин да ги поддржат на почетокот, со опрема, да купат роеви… Има некои програми што даваат поддршка, но пчеларот мора првин сам сè да купи, па потоа да чека една година да му ги вратат средствата и тоа е некако проблем – објасни претседателот на Федерацијата.

Саемската манифестацијата организирана од Пчеларската федерација се одржува веќе осма година. Има повеќе од 20 изложувачи од разни региони – Преспа, Порече, Прилепско, Кочанско, Галичица… Посетителите може да купат мед за 650 денари. За разлика од оваа цена, која се нуди додека трае саемот, регуларната цена на медот, како што рече Билбиловски, изнесува од 700 денари нагоре. 

Во Македонија има речиси 6.000 регистрирани пчелари и приближно 300.000 пчелни кошници. 

МИА

Може да ви се допадне

Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“
МЗШВ: Европската комисија ги издвојува реформските чекори во органското производство, фитосанитарната политика и рибарството
Серафимовски: Со европската поддршка продолжуваме да го модернизираме домашното земјоделство
Извозот зголемен за 10,8 проценти, надмина 6,6 милијарди евра за девет месеци
Македонија се вклучува во меѓународна акција за спас на египетскиот мршојадец
Таг:две децениимеднајслабитепчелно семејствотри килограми
Претходен напис Облачно со сончеви периоди и северен ветер
Следен напис Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?