Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вината на „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија четири златни медали и една специјална награда на „Citadelles Du Vin“ 2020 во Франција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вината на „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија четири златни медали и една специјална награда на „Citadelles Du Vin“ 2020 во Франција
Агровести

Вината на „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија четири златни медали и една специјална награда на „Citadelles Du Vin“ 2020 во Франција

Објавено 06/07/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вина на „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија пет високи признанија на престижниот вински натпревар „Citadelles Du Vin“ 2020, кој традиционално се одржува во близина на Бордо, Франција. Златни медали добија три вина од премиум бренд платформата „Tikveš Châteaux & Domainеs“ – „Domaine Lepovo Grand Cuvée“ 2016, како и „Vase de Pierre“ 2018 и „Terrasse à L’Ombre“ 2018 од француската винарница „Château de Gourdon“, што е дел од „Тиквеш“, а со златен медал се закити и „Vranec Special Selection“ од бербата 2017.

Дополнително, црвеното „Barovo“ од бербата 2017 ја освои специјалната награда „MACEDONIA SPECIAL PRIZE“.

Овој исклучителен успех е постигнат во конкуренција на 719 вина од 29 земји од светот, меѓу кои и неколку од регионот. Освојувајќи ги петте највисоки одличја, Винарската визба „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди позицијата најуспешна меѓу винарниците од регионот. Инаку, со ова „Тиквеш“ значајно го надогради успехот постигнат на минатогодишното издание на „Citadelles Du Vin“, кога освои три сребрени медали.

„Citadelles Du Vin“ е натпревар кој се одржува во еден од најзначајните и најпознати светски вински региони (Бордо) и има мисија да ги поддржи и промовира квалитетот и различноста на вината произведени ширум светот. Наградените вина дополнително добиваат и презентација на „Винекспо“ – Бордо и „Винекспо“ – Хонг Конг, со што  остваруваат промоција пред француските и интернационалните потрошувачи и љубители на виното.

Вината на „Тиквеш“ веќе со години се најтрофејни во Југоисточна Европа, а само од почетокот на оваа година освоија речиси 20 медали и тоа на престижни натпревари одржани во Кина, Франција и во Германија.

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:Citadelles Du Vinвинозлатни медалиспецијална наградаТиквешФранција
Претходен напис САД поради жетвата издаде 49% повеќе визи, но работници сепак недостасуваат
Следен напис Од утре стабилизација на временската состојба
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?