Незадоволни со домашната работна сила, САД издаде дури 49% визи повеќе отколку минатата година за странските работници кои би помагале во жетвата на третиот најголем светски производител на пченица. Меѓутоа многумина од нив се спречени да дојдат поради пандемијата.
Со големи предизвици се соочуваат многу земји кога е во прашање странската работна сила во земјоделството, бидејќи пандемијата на корона вирусот на многумина им ги расипа плановите. Освен Германија,Италија и Шпанија со недостаток на работна сила се борат и во САД. Имено, тука за време на жетвата земјоделските производители и услужните фирми се потпираат на странските работници кои оваа година беа спречени да дојдат поради пандемијата. Затоа производителите мораа да вработат средношколци, возачи на училишни автобуси и отпуштени работници кои би помогнале во жетвата и кои ќе управуваат со механизацијата. Но, некои од земјоделците изразиле и незадоволството од домашната работна сила.
Доцнењето на жетвата ќе доведе до повисоки цени на пченицата?
Земјоделците и фирмите кои се занимаваат со житни кутури тешко наоѓаат и задржуваат работници, а новите вработени бараат повеќе обука и често се откажуваат. Истовремено, секое доцнење во оваа работа би можело да резултира со зголемена цена на пченицата, но и може да предизвика проблеми кога е во прашање обезбедувањето на залихи.
Имено, САД е трет најголем светски извозник на печница, а за време на пандемијата побарувачката за неа мнгоу порасна.
Џош Бекли обично смета на мигрантите кои извршуваат околу 30% од работата во неговата фирма Beckley Harvesting Inc со седиште во Канзас а најчестата виза е H-2A која им овозможува со месеци да престојуваат во САД и да извршуваат работи во земјоделството. Но, оваа година немал вработено странски работници и бил принуден да им најде замена при што вели дека многу Американци не сакале да прифатат таков вид на работа. „Ќе се јават и ќе ми речат: Еј човеку, мислам дека сепак не би требало да се напушта домот со оглед на работите кои се случуваат“, вели Бекли.
Доналд Трамп виновен за увозот на работна сила?
Фармерите кои се верни поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп последните години стануваат се позависни од мигрантската работна сила. Имено, админситрацијата на Трамп и понатаму издава визи за работа во земјоделството, а притоа го спречува вработувањето на техничките работници, студентите и слични групи способни за извршување на работата.
Фирмите кои се ангажирани за жнеење на полињата во сопственост на малите земјоделци кои не поседуваат сопствена опрема, исто така вработуваат мигранти. Тие поседуваат до илјада комбајни кои по американските полиња во време на жетва жнеат околу 30% од површините под житарици.
За 49% се зголеми бројот на издадени визи
Бројот на издадени визи за ракувачи со земјоделски машини се зголеми на 10.798 и тоа од октомври 2019 до март 2020 што е типично за вработување работници на комбајни бидејќи таму жетвата почнува во мај. Според податоците на амриканското Минситерство за труд, тоа е пораст од 49% во однос на годините порано.
Сепак, многумина не можеа да дојдат во САД покрај тоа што жетвата започна. Причина за тоа се ограничените патувања, строгата контрола на границите и стравот од корона вирусот.
Рајан Хафнер, сопственик на фирма која се занимава со жнеење, планирал дека 10 странски работници ќе извршат најголем дел од работата, но кога почанла жетвата, во САД стигнале само четворица од нив. „Американската работна сила е многу воздржана и неодлучна, а некои од нив се откажаат уште првиот ден“, изјавил Хафнер.
Дури и најголемите земјоделци кои поседуваат сопствена опрема имаа потешкотии. Така Даг Зинк кој обработува 28.000 хектари останал без вработени бидејќи оние од Јужна Африка не стигнале се до крајот на јуни. „Имавме многу проблеми со работниците кои не можеа да добијат летови“, изјавил Зинк.
Земјоделците во страв поради приходите
Сето ова ќе влијае на обидот за враќање на профитот откако во 2013 година приходите паднаа за околу 50 %. Покрај тоа заработката е уште под знак прашалник бидејќи продажбата во Кина останува незивесна дури и после трговската спогодба.
До сега жетвата на зимската пченицата е завршена околу 41% од производните површини, што е во склад со претходните години.
Извор: Agroclub