Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра, го штитиме стандардот на граѓаните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра, го штитиме стандардот на граѓаните
Агровести

Мицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра, го штитиме стандардот на граѓаните

Објавено 14/09/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Доколку не се донесеше одлука за намалување на акцизата, цената на дизел-горивото ќе беше 11-11,5 денари поскапа од литар од ова што е денеска – истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашањето колкава би била реалната цена на нафтата доколку Владата не донесеше одлука за намалување на акцизата за дизелот.

Премиерот Мицкоски истакна дека зголемена е продажбата на нафтените деривати на бензинските станици, а особено оние што гравитираат кон северниот, западниот и јужниот дел од земјата, поради притисокот на граѓаните што доаѓаат од Грција, Албанија и Србија, веќе е стигнато до повеќе од 2 милиони литри гориво што се точи на македонските бензински станици. 

– Имајќи предвид дека приближно 70 проценти е дизел-гориво, тогаш доаѓаме до некаде 1.400.000 – 1. 500.000 литри, што значи дека само врз основа на дизел-горивото дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250 илјади евра или ако се земе предвид две недели, и доколку се земе предвид веќе намалената царина, односно акциза за безоловниот 95 и 98-октански, тогаш доаѓаме до бројка помеѓу 4,2 и 4,5 милиони евра, тоа е директна заштеда која што ја имаат македонските граѓани, а индиректната заштеда се проектира во ниската стапка на инфлација-изјави Мицкоски. 

Тој додаде дека во пикот на најголемата светска енергетска криза што ја памти човештвото веќе два месеци и тоа јули и август имаме, вели, една од најниските стапки на инфлација, многу подолу од Европската Унија. 

-Во регионот сме меѓу најниските, само нашиот северен сосед Србија има за некоја 0,3-0,2% пониска од онаа стапка на инфлација. И она кое што исто така сакам да го напоменам е дека во моментот имаме најниска цена на дизел горивото и на безоловниот 95 и 98-октански бензин, и ако се спореди со цената којашто ја имаат нашите соседи, па и во Европа, тогаш разликата е помеѓу 20 и 50 отсто. Тоа значи дека оваа Влада води сметка во рамките на своите можности и повеќе од што може за да го заштити стандардот на граѓаните-подвлече Мицкоски, кој денеска беше во посета на граничниот премин Табановце. 

МИА

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Дали АХВ ги испита пиперките пред извоз? Ако се со пестициди, а не се контролираат тие завршуваат на нашиот пазар?!
Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година
Вториот протест на градинарите со блокада на патот Прилеп – Битола
Петнаесет денари за килограм пиперка ајварка не е откупна цена, туку загуба и понижување на нашиот труд – реакција на земјоделците од Пелагонија
Активен пожарот во с. Иванковци, Велешко, под контрола пожарот во Дабова Дупка кај Јасен и во Белица
Таг:250.000 еврадизел горивотодневната заштедаМицкоски
Претходен напис Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година
Следен напис (ВИДЕО) Дали АХВ ги испита пиперките пред извоз? Ако се со пестициди, а не се контролираат тие завршуваат на нашиот пазар?!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?