До 13 часот денерска регистрирани се вкупно три пожари на отворен простор, од кои еден пожар е активен, еден е под контрола, а еден пожар е изгаснат.
Како што соопшти ЦУК, активен е пожарот во Општина Велес во с. Иванковци каде гори шума.
Под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод: м.в. Дабова Дупка – Јасен, с. Белица, м.в. Кајорец, каде е зафатена нискостеблеста и мешана борова шума.
Изгаснат е пожарот во Општина Куманово: на ул. Илиевски бр. 51 – ниска вегетација.
МИА
