Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Инвеститорски ден“ во организација на Македонска берза
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Инвеститорски ден“ во организација на Македонска берза
Агровести

„Инвеститорски ден“ во организација на Македонска берза

Објавено 14/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со цел промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава, Берзата денеска по седми пат го организира настанот „Инвеститорски ден“.

Оваа иницијатива, како што велат од Берзата, ја прифатиле и во неа активно се вклучиле Централниот депозитар за хартии од вредност, сите единаесет членки на Берзата и ЦДХВ, а истата добила поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.

-Одржувањето на Инвеститорскиот ден значи дека на тој ден на тргување на Берзата сите домашни физички лица можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници, се вели во соопштението од Берзата.

На Инвеститорскиот ден сите домашни физички лица ќе можат да купат или продадат кои било акции без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива, при што ќе треба да бидат исполнети следните услови: инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот, со посредство на некоја од подолу наведените членки на Берзата, износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен, а трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.

Системските и администраторски блок трансакции, јавните понуди и јавните берзански аукции, нагласуваат од Македонска берза се исклучени и се наплатуваат стандардно. 

МИА

Може да ви се допадне

ИЗВЕСТУВАЊЕ : За поднесување на барања за складиштарење на пченица и јачмен
ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени
Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток
Денеска е црковната Нова година – почеток на новиот богослужбен круг и повик кон духовна обнова
Како се решава лозарството кога сте членка на ЕУ: 75% субвенции за замена на сорта што се бара на пазарот и нова технологија за производство на врвни вина
Таг:Инвеститорски денМакедонска берза
Претходен напис ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени
Следен напис ИЗВЕСТУВАЊЕ : За поднесување на барања за складиштарење на пченица и јачмен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?