Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Што се ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА во земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Што се ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА во земјоделството
АгровестиСубвенции

Што се ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА во земјоделството

Објавено 29/07/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директни плаќања во земјоделството се финансиска поддршка што државата им ја исплаќа директно на земјоделците, со цел да се поттикне земјоделското производство, да се обезбеди стабилен приход и да се одржи руралниот развој.

Тоа се пари што земјоделците ги добиваат за:

–        обработка на земјиште,

–        одгледување и продажба на земјоделски  култури,

–        чување добиток

Овие плаќања се доделуваат врз основа на:

–        површина (по хектар),

–        број на грла добиток или

–         произведени и продадени земјоделски производи

и се условени со почитување на пропишаните правила и критериуми.

Кој може да биде корисник

Право на директни плаќања имаат земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС).

За мерките по површина прифатливи се само парцелите кои се евидентирани во СИЗП и ЕРЗС.

За мерките по грло говеда, овци, кози и пчелни семејства прифатливи се само грлата кои се евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на животни.

Директните плаќања се одобруваат и исплаќаат по извршена проверка на исполнетоста на условите, по спроведени административни и теренски контроли (класични и со далечински методи).

Во случај кога ќе се утврди неусогласеност на податоците од барањето со фактичката состојба, како и несообразност со задолжителните барања за добра земјоделска пракса и заштита на животната средина, се врши намалување до целосно исклучување на директните плаќања.

Доколку барателот има ненамирени финансиски обврски кон следните институции, може да се изврши пребивање со одобрениот износ на поддршката, со негова претходна согласност:

– Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошниот текст: Агенција),

– Министерството,

–   Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта, и

–   Подружниците на АД Водостопанство, ЈП Стрежево, ЈП Лисиче и ЈП Злетовица

ВАЖНО!

Пред поднесување на барање задолжително проверете:

–        Дали вашите лични податоци (вклучително и податоци за адреса) се целосни и точни во ЕРЗС

–        Дали сите парцели се правилно евидентирани во ЕРЗС и СИЗП

–        Дали животните се правилно евидентирани во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни во ветеринарното друштво

–        Дали трансакциската сметка која ќе ја наведете во барањето е на Ваше име и е активна

Рокови за поднесување на Барање за директни плаќања

За мерките по површина и по грло добиток крајниот рок за поднесување на барања е 30 септември 2026 година.

Роковите за поднесување на барањата се објавуваат во Уредбата за директни плаќања и истите може да се менуваат.

За секоја промена дополнително ќе бидете известени преку соопштенија објавени на веб страницата на Агенцијата

Може да ви се допадне

Директни плаќања по обработлива површина за градинарски култури на отворено и во пластеници за 2026
Директни плаќања по обработлива површина за лозови и овошни насади за 2026
Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за поледелски култури за 2026
Минимум површина и број на грла за да аплицирате за директна поддршка за 2026
Авионска дезинсекција против возрасни комарци утре на скопската територија
Таг:директни плаќањасубвенции
Претходен напис Авионска дезинсекција против возрасни комарци утре на скопската територија
Следен напис Минимум површина и број на грла за да аплицирате за директна поддршка за 2026
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?