Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Царинска управа: Со два милиони евра грант од ЕУ се воведуваат паметни граници – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Царинска управа: Со два милиони евра грант од ЕУ се воведуваат паметни граници – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани
Агровести

Царинска управа: Со два милиони евра грант од ЕУ се воведуваат паметни граници – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани

Објавено 29/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со два милиони евра грант од Европската Унија се воведуваат паметни граници – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани, најавија денеска од Царинската управа на Република Северна Македонија.

– Царинската управа започнува со имплементација на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура со што се воведуваат паметни системи за автоматизација на граничните терминали, за што се обезбедени грант средства од Европската Унија во висина од два милиони евра. По претходно објавен јавен оглас, потпишан е договор со изведувачот за набавка на опрема, со што се означува значаен прогрес на проектот, чија имплементација треба да заврши до средината на наредната година – соопштија од Царинската управа.

Во соопштението се нагласува дека автоматизацијата на терминалите ќе овозможи значително побрз проток на стоки и намалување на времето на чекање и оперативните трошоци за економските оператори.

– Со замена на постојните рампи и ваги со нови дигитални системи, поддржани со напредни аналитички видео-камери – увозот, извозот и транзитот ќе се евидентира автоматски, за само неколку секунди по влезот на товарното моторно возило на царинскиот терминал – се додава во соопштението.

Како што се истакнува, автоматските ваги и рампи ќе бидат директно поврзани со системот за видео – надзор и за препознавање на регистарски таблички, за што во тек е постапка за набавка на софтвер – интегратор, со што ќе се овозможи поефикасна контрола и забрзан проток на легалната трговија во согласност со ЕУ-стандардите.

– Воедно, примената на ваквите системи ќе овозможи и намалување на влијанието на човечкиот фактор, како една алатките за ефикасна борба против криминал и корупција – подвлекоа од Царинската управа. 

Царинска управа на Република Северна Македонија

Може да ви се допадне

Забранета водата за пиење од изворите во Елшани и Велестово поради присуство на бактерии
За ниската откупна цена и проблемите во оризопроизводството ќе се бараат долгорочни решенија, најави Серафимовски
Зголемена фреквенција на ГП Богородица, се чека 40-ина минути
ЦУК: Нема активни пожари, изгаснати 16-те регистрирани на отворен простор во 10 општини
Земјотрес почувствуван во Струга и околината
Таг:автоматизиранигрантцаринска управа
Претходен напис За ниската откупна цена и проблемите во оризопроизводството ќе се бараат долгорочни решенија, најави Серафимовски
Следен напис Забранета водата за пиење од изворите во Елшани и Велестово поради присуство на бактерии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?