Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, а најголема фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин Богородица. Според информациите на Авто-мотосојузот на Македонија (АМСМ), времето на чекање за преминување на границата изнесува 40-ина минути.
На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да управуваат внимателно, да ја приспособат брзината на условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Особрна претпазливост се препорачува на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
МИА
