Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од полноќ поскапуваат горивата, дизелот со најголем раст
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од полноќ поскапуваат горивата, дизелот со најголем раст
Агровести

Од полноќ поскапуваат горивата, дизелот со најголем раст

Објавено 27/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти, така што од полноќ бензините ќе поскапат за три денари по литар, дизелот за 4,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за пет денари по литар.

Според одлуката на РКЕ, од 28 јули во 00:01 часот, максималната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 95 денари за литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува на 98,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) на 98 денари за литар.

РКЕ ја зголеми и цената на мазутот М-1 НС за 2,726 денари за килограм, со што новата максимална цена ќе изнесува 48,099 денари за килограм.

Како причина за корекцијата на цените, од РКЕ посочуваат дека референтните цени на светските пазари бележат раст. Во однос на претходната пресметка, цените на бензините се повисоки за 6,229 проценти, на дизелот за 7,442 проценти, на екстра лесното масло за 8,051 процент, а на мазутот за 8,159 проценти.

Во соопштението се наведува дека курсот на денарот во однос на американскиот долар во периодот на пресметка бил понизок за 0,0397 проценти.

Од РКЕ нагласуваат дека станува збор за максимално утврдени цени и дека трговците на големо и мало можат да ги формираат цените на нафтените деривати и на пониско ниво од утврдените највисоки цени. 

МИА

Може да ви се допадне

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
Министерот Серафимовски потпиша седум договори за промоција на домашните производи и развој на руралните средини
Ангелов: Во Крушево поради прекин на струја еден час не работел уредот за хлорирање на водата, состојбата е стабилизирана и не треба да се споредува со Гостивар
Аневска: Водата од гостиварскиот водовод може да се користи за лична хигиена и миење садови
Во ЈЗУ во Гостивар вчера прегледани 127 пациенти со симптоми на ентероколит
Таг:гориватадизелотполноќпоскапуваат
Претходен напис Министерот Серафимовски потпиша седум договори за промоција на домашните производи и развој на руралните средини
Следен напис Од утре сончево и потопло време, температурите до 35 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?