Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 9 „златни“ правила за плодоредот во органското производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > 9 „златни“ правила за плодоредот во органското производство
Органско производство

9 „златни“ правила за плодоредот во органското производство

Објавено 01/02/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почитувањето на плодоредот е многу важно во сите области на земјоделското производство, а пособено значење има и за органските производители. Почитувањето на плодоредот го зголемува приносот, квалитетот на почвата и ја намалува употребата на пестициди.

Плодоредот претставува организирана промена на посевите на истата парцела во текот на одреден број години. Плодоредот е една од најважните агротехнички мерки. Основен предуслов за избор на плодоредот се биолошките карактеристики на растенијата, како и на преткултурите.

Понекогаш во праксата, се користи одгледување на неколку растителни видови заедно, што е карактеристично за био-градината. Плодоредот има посебна улога во органското производство, бидејќи значително ја намалува појавата на растителни болести, штетници и плевели. Тука се воведува плодоред, со значителен удел на едногодишни и повеќегодишни мешунки кои ја збогатуваат почвата со азот.

Кога станува збор за плодоредот стручњаците ги препорачуваат следните 9 „златните“ правила, на кои се придржуваат голем број производители на органска храна.

  1. Растителни видови со длабок коренов систем треба да се одгледуваат после оние растенија со плиток коренов систем, со цел да се одржи добрата структура, аерација и растреситоста на почвата;
  2. Да се менуваат растителните видови кои произведуваат мала и голема биомаса на коренот – оние кои имаат голема биомаса обезбедуваат минерали за почвата.
  3. Да се менуваат растителни видови кои го задржуваат азотот од атмосферата со оние растителни видови што го трошат. Ова ќе обезбеди голем дел од потребите за азот;
  4. Секогаш кога е можно, треба да се примени претсеидба, посеидба, накнадна сеидба, меѓусеидба и зелено ѓубриво, така што почвата постојано да е под зелена покривка (на пр., сеење на репа после житото). Ова спречува создавање на плевел, формирање на кора, спречува истекување на ѓубривата, ја подобрува структурата на почвата и ја спречува нејзината ерозија;
  5. Растителни видови кои споро растат и оние кои се чувствителни на плевел, треба да се одгледуваат после оние што го спречуваат растот на плевелите (на пр., луцерка, мешавини од трева и детелина и т.н);
  6. Лисните и коренестите растителни видови треба да се менуваат со житни култури, за да се намали појавата на плевел;
  7. Секаде каде што постои ризик од инфекција со одредени растителни болести или штетници, треба да се избегнува сеење или садење на растителни видови кои се подложни на нив. Тука, треба да се следат правилата за минимален број години по кои растителниот вид може повторно да се стави на истото место;
  8. Користете различни сорти од ист растителен вид, со цел да ја зголемите генетската и друга разновидност;
  9. Да се менуваат пролетните и зимските култури, бидејќи со тоа се постигнува подобра контрола на плевелите и распоред на работата.

Извор: Агромедиа

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Закон за органско земјоделско производство: Кои се барањата за да се занимавате со органско растително производство
Закон за органско производство: Барања за органско сточарско производство и органско пчеларство
Закон за органско производство: Барања за производство на органска преработена храна
Таг:органско производствоплодоредправиласовети
Претходен напис Чоколадна чили пиперка – многу лута, а сепак чоколадна!
Следен напис Заев за „Капитал“: Да се користат мерките од ИПАРД програмата кои се вистинска можност за осовременување на земјоделското производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?