Оваа сорта на пиперки потекнува од Мексико (Mexico’s Yucatan Peninsula), но сепак велат дека за прв пат е добиена во Јамајка.
Раѓа преку цело лето, па се до доцна есен. Треба да се има во предвид дека дава богат род и дека и треба многу простор. Нејзината лутина на скалата од 1 до 10 е 9.
Подготовката на семето на чили пиперките, не се разликува многу од онаа на вообичаените пиперки од нашиот крај и е многу едноставно.
Семето се сее во помали садови и после никнувањето, кога ќе се појават првите постојани ливчиња се пресадува во поголеми садови, пластеници или пак во градината. Оваа сорта на пиперки може да се одгледува и во саксија.
При процесот на никнување, темепратурата треба да биде околу 25 степени, а земјата постојано влажна, но не премногу водена.
Извор: agrosavjet.com