Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 270 МИЛИЈАРДИ евра земјоделски субвенции за земјите членки на ЕУ, за период 2023 – 2027 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > 270 МИЛИЈАРДИ евра земјоделски субвенции за земјите членки на ЕУ, за период 2023 – 2027 година
Агровести

270 МИЛИЈАРДИ евра земјоделски субвенции за земјите членки на ЕУ, за период 2023 – 2027 година

Објавено 22/11/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Познато е дека Европската Унија одвојува огромен процент од буџетот за земјоделскиот сектор. Со тоа ја покажува важноста на земјоделското производство, руралниот развој и воопшто производството на храна. Најновата програма која ќе стартува од 1 јануари 2023 година подразбира буџетска рамка за период од 2023 – 2027 година.

Станува збор за распределба на 270 милијарди евра од земјоделскиот буџет на ЕУ за 2023-2027 година. Според Комисијата, 34 милијарди евра се наменети исклучиво за еколошки и климатски цели и нови еко-шеми.

Почетокот на имплементацијата е планиран за 1 јануари 2023 година.

Кога станува збор за проблемите со кои се соочува ЕУ, тие се многубројни. Фокусот е на војната во Украина, прашањата за ѓубрива и добиточна храна, намалување на CO2, благосостојба на животните и етикетирање на производите.

Ситуацијата во Украина и последователната блокада на пристаништата на Црното Море предизвика значително нарушување во глобалниот земјоделско-прехранбен сектор, прекумерни цени на храната, трговска блокада и зголемени трошоци за многу инпути за земјоделско производство. Потпишаниот договор за деблокирање донесе олеснување, но и неизвесност, а новата производствена сезона ќе биде голем предизвик.

Цените на бензинот растат, а со нив и ѓубривата. Многу фабрики го намалија или целосно го прекинаа производството. Кога ова се комбинира со санкциите против Русија, резултатот е недостиг на ѓубрива, кои се сè поскапи.

Дополнителен проблем е сушата која го зафати европскиот континент. 14 држави на Унијата беа директно погодени. Приносите на земјоделските култури се намалени, а особено загрозени се сточарскиот сектор и производството на добиточна храна. Помалите количини и високите трошоци може да го загрозат опстанокот на многу фарми.

Во ноември, Комисијата ќе предложи регулаторна рамка на ЕУ за сертификација за отстранување на CO2. Ќе ги детализира правилата потребни за следење, известување и автентичност на овие отстранувања и ќе има големо влијание врз земјоделците од ЕУ и идните потенцијални дополнителни извори на приход.

Благосостојбата на животните сè уште е во голем фокус по серијата несреќи во кои недостигаше почитување на нивната заштита.

Ќе се разговара и за предлогот на Комисијата за преполовување на употребата и ризикот од хемиски пестициди до 2030 година, кој веќе е предмет на критики од одредени земји. Тие се очекува да бидат завршени под шпанското претседателство со ЕУ во втората половина на 2023 година.

Може да ви се допадне

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Таг:Европска унијаклиматски променикомисијасубвенции
Претходен напис Бачовски: Исплатени се субвенции за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко
Следен напис Србија сепак уште една година не ја намалува границата на дозволениот афлатоксин во млекото
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?