Директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски, информираше дека е исплатена премијата за млеко.
5525 млекопроизводители кои предале кравјо, овчо или козјо млеко кај регистриран откупувач денеска на своите сметки се исплатени со 756 милиони денари од програмата за директни плаќања во земјоделството.
Премијата се однесува за произведеното и предадено млеко во август и септември 2021 година.
Сточарите кои имаат произведено кравјо млеко добиваат финансиска поддршка од 3,5 денари по предаден литар млеко додека 4,5 денари по литар добиваат сточарите кои произвеле и предале овчо и козјо млеко.
„Со денешната исплатата за месеците август и септември ја заокружуваме како целосна исплатата за млекопроизводителите за фазата октомври 2020 – септември 2021. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со обработка на барањата за финаниска поддршка од програмата за директни плаќања со што континуирано ќе продолжи и исплатата на мерките“, информира директорот Бачовски.
Напишете коментар