Темата за паметните села се повеќе ке биде застапена во ЗЗП по 2020 година
Хрватското претседателство ги истакна клучните приоритети за земјоделството. Земјата го презеде претседателството на 1 јануари 2020 година. Климатско дејствување и директни плаќања – ќе има ли судир?
Забележан е напредокот во дискусиите за реформскиот пакет на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) и тоа ќе биде најважната тема за хрватското претседателство, објави билтенот на Министерството за земјоделство. Брзото усвојување на регулативата за преодни правила, со цел да се избегнат евентуални прекини, ќе го отвори патот за продолжување на примената на мерките од двата столба. Посебно внимание ќе се посвети на „потребите на ранливите, руралните заедници и натамошното модернизирање на земјоделството и руралните области со цел да се зголеми конкурентноста на европските земјоделци и бизниси“ – се вели во соопштението од службените лица кои го поставија концептот за Паметни села како клучна приоритетна област.
Како и претходните земји кои беа на чело на претседателството на ЕУ така и Хрватска ќе продолжи да ја следи состојбата на земјоделските пазари и да ги информира делегациите за развојот на меѓународната трговија. Во однос на безбедноста на храната, ветеринарните, санитарните и фитосанитарните прашања, Хрватска ќе се залага за еднакво ниво на фитосанитарна заштита ширум ЕУ и рамномерни услови за европските производители и трговци.
Во областа на безбедноста на храната, здравјето и благосостојбата на животните, претседателството ќе продолжи да води дискусии околу мерките за превенција, контрола и искоренување на болести на животните на европско ниво. Европската зелена зделка и стратегијата „од фарма до маса“ ќе бидат централни теми во текот на шестмесечниот период (до 30 јуни), при што претседателството ќе ја продолжи дебатата за усвојување на новата европска стратегија за шуми по 2020 година. Првата седница на Советот, со која претседава министерката за земјоделство, Марија Вушковиќ, е закажана за 27 јануари и ќе биде проследена со состаноци кои ќе се закажани во следните терминин: на 17-18 февруари, потоа на 23-24 март,на 27-28 април (во Луксембург), на 25-26 мај и последната на 29 -30 јуни (исто така во Луксембург).
Неформалниот состанок на Советот за земјоделство ќе се одржи во Сплит помеѓу 7-9 јуни, каде министерот Вучковиќ ќе ја води дебатата за руралните области и семејните фарми.
Што е тоа и каде нè остави Финското претседателство?
Финското претседателство издаде извештај за напредокот на дебатата за идната реформа на ЗЗП. И покрај добрата основа што Финска успеа да ја обезбеди, голем број на отворени политички и технички прашања остануваат отворени во три законодавни документи.
Трите законодавни документи кои се вклучени во пакетот за реформа на ЗЗП се: Регулатива за стратешки планови на ЗЗП; Регулатива за финансирање, управување и следење на ЗЗП, како и Регулатива за заедничка организација на пазарите во земјоделски производи. Заедничкиот став на Советот за идната земјоделска политика ќе биде финализиран само откако ќе завршат преговорите за повеќегодишната финансиска рамка . Еве ги најважните идеи што Финското претседателство ги остави зад себе: Еден општ процент на финансирање за целите на животната средина и климатските услови што ги опфаќа двата столба.
Во врска со ова прашање, министрите веруваат дека оваа идеја може да се истражи и дека е потребна сериозна техничка работа за истата да се стави во сила. Вистинскиот процент (или фиксната сума) може да се утврди само откако ќе се постигне договорот за следниот Меѓународен фонд за развој (МФР). Предлогот на Претседателството е дека наместо да посветат 30% од вториот столб на целите на животната средина и климатските услови, земјите-членки треба да посветат одреден процент од вкупниот пакет на ЗЗП (прв и втор столб) на овие цели.
Во случај на директни плаќања, финското претседателство посочува дека земјите од ЕУ се поделени по прашањето за обврзувачката поддршка. Претседателството се залагаше за комисијата и истакна дека овој текст претставува избалансиран компромис помеѓу ставовите на различните земји-членки. Финска предлага земјите-членки да ја платат редистрибутивната исплата само на стопанства помали од лимитот што го поставиле. Оваа граница може да се заснова или на бројот на хектари или на економската големина на имотот.
И покрај тековните преговори, голем број на земји-членки сметаат дека не гледаат напредок во дискусиите. Според нив, постојано се наведуваат истите аргументи, како што се условеноста на малиот капитал, стратешките планови, дискусиите за трансфер на средства меѓу првиот и вториот столб – сите теми за кои се дискутираше повеќе пати. По финското претседателство, неколку точки стануваат јасни: – треба да се работи повеќе на новиот модел на имплементација на ЗЗП, заради неизвесноста околу Меѓународен фонд за развој; – сите дискусии против надворешната конвергенција се губење време, бидејќи ова е фундаментален принцип според Договорот на ЕУ; – новата Заедничка земјоделска политика ќе биде позелена, без оглед на тоа дали еко-шемите и мерките за втор столб ќе бидат доброволни или задолжителни.
Извор: https://agri.bg/
Напишете коментар