Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЗПВ Николовски, Бочварски и Рустеми во посета на регионалниот пат Узем-Тораница: Завршува рехабилитацијата на уште една важна делница, вложуваме во квалитетна патна мрежа, подеднакво во сите региони од државата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЗПВ Николовски, Бочварски и Рустеми во посета на регионалниот пат Узем-Тораница: Завршува рехабилитацијата на уште една важна делница, вложуваме во квалитетна патна мрежа, подеднакво во сите региони од државата
АгровестиРурален Развој

ЗПВ Николовски, Бочварски и Рустеми во посета на регионалниот пат Узем-Тораница: Завршува рехабилитацијата на уште една важна делница, вложуваме во квалитетна патна мрежа, подеднакво во сите региони од државата

Објавено 20/05/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска присуствуваа на патниот правец Узем-Тораница, инвестиција која е од огромно значење за економскиот развој на овој регион. Со рехабилитација на оваа делница се подобрува конекцијата помеѓу жителите во регионот, но се подобруваат и условите за непречено функционирање на рудникот Тораница.

Станува збор за пат со должина од речиси 7 километри, а комплетната рехабилитација се очекува целосно да заврши во август годинава.

„Владата на Северна Македонија продолжува со интензивно темпо и јасни политики, во коишто инфраструктурата и одржливиот развој и развојот на економијата, се приоритет. Ставивме силен акцент на економскиот и инфраструктурен развој на целокупниот овој регион коишто беше запоставен со децении. Продолжуваме со интензивно темпо да ставаме акцент на инфраструктурните проекти коишто го поврзуваат Кривопаланечкиот Регион со останатите региони од државата но и со земјите од регионот. Овој пат кадешто сме денеска Узем-Тораница е особено значаен заради тоа што води до најголемиот индустриски капацитет во регионот на Крива Паланка, во којшто се вработени најголем дел од жителите од овој регион, а тоа е рудникот Тораница“, рече вицепремиерот Николовски.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во своето обраќање потенцираше дека во моментов се рехабилитираат и градат повеќе патни правци во овој регион.

„Затоа посветено работиме на негова доизградба и модернизација. Само во овој дел од државата инвестираме преку 80 милиони евра во патната мрежа. Особено сум задоволен што во овој момент целата патна врска од Куманово до границата во Бугарија се модернизира. Неодамна започнавме со рехабилитација на патниот правец од Куманово до с.Војник како прва фаза. Во продолжение како втора фаза го рехабилитираме патот од с. Војник до Страцин. Во меѓувреме градиме нов експресен пат од Ранковце до Крива Паланка. Тука би сакал да спомнам дека овој месец ЈП за државни патишта објави тендер за доизградба на првата делница. Ја прошируваме со трета лента делницата од Крива Паланка до граничен премин Деве Баир“, рече министерот Бочварски.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Рустеми рече дека вкупната вредност на рехабилитацијата на патната делница Узем-Тораница е во износ од 1.75 милиони евра, пари обезбедени од Европската Банка за обнова и развој.

„Градежните активности се во тек, досега е изведена набавка, транспорт и вградување на прв, израмнувачки слој, како и набавка, транспорт и вградување на втор, завршен слој. Останува изведба на сигнализација и обележување на патот и опремата на патот“, рече Рустеми.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, изјави дека сите инфраструктурни инвестиции што се реализираат се значајни за развојот на Кривопаланечкиот Регион.

„Со сите градежни активности коишто беа направени во изминатиот период и активностите што моментално се спроведуваат, и со оваа делница, Крива Паланка станува развојна точка. Ова е помош за локалното население и огромна помош за рудникот Тораница во којшто работат и од него опстојуваат околу 370 семејства“, рече градоначалникот Мицевски.

Од регионална гледна точна, овој дел на државата е стратешки важен поради Пан Европскиот Коридор 8. Инвестициите во патната инфраструктура продолжуваат со зголемен интензитет и во наредниот период. Се очекува долга градежна сезона и отворање на дополнителен фронт за работа и за домашните компании.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:тораница
Претходен напис Го одбележуваме Светскиот ден на пчелите – Нашиот опстанок зависи од опстанокот на пчелите
Следен напис Екипата на Агротим дел од бајката на Мица Савевска во кривопаланечкото село Огут: Она што е најважно е всушност љубовта и желбата, секако потребно е и време!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?