Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Екипата на Агротим дел од бајката на Мица Савевска во кривопаланечкото село Огут: Она што е најважно е всушност љубовта и желбата, секако потребно е и време!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Екипата на Агротим дел од бајката на Мица Савевска во кривопаланечкото село Огут: Она што е најважно е всушност љубовта и желбата, секако потребно е и време!
Рурален Развој

Екипата на Агротим дел од бајката на Мица Савевска во кривопаланечкото село Огут: Она што е најважно е всушност љубовта и желбата, секако потребно е и време!

Објавено 20/05/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со креативност и остро око за детали, ако сакаш да изработуваш накит, ќе мора да ги совладаш сите вештини потребни за оваа работа. Пред сè, станува збор за шиење, плетење, кроење доколку е потребно и сл. Иако можеби на прв поглед се чини дека изработката на накит е лесна работа, јасно е дека во секое парче накит се крие многу вештина и работа.

Следниот прилог зборува за жена која нема граници на својата креативност и способност, покажана и докажана на секое поле, од игла, до тенџере и двор. 65-годишната пензионерка Мица Савевска одлучи вревата во Скопје да ја замени со мирот и тишината на кривопаланечкото село Огут. Далеку од градот, во оаза на мирот, како што го нарекува својот дом, ги минува своите пензионерски денови заедно со сопругот Милан. Посетата во нејзиниот дом ни предизвика восхит, преубава глетка, гостопримство и пред сè чувство на релаксираност.

По срдечното добредојде нè понуди со слатко од дуњи и домашен сок од малини, седевме на тераса и уживавме во погледот пред нас, додека таа сечеше свежо набрана коприва со која планираше да го подготвува зелникот. Оваа вредна жена, нема што не знае да направи, чудо од жена што би рекле, сè кај неа потсетува на домаќинско, традиционално, единствено и со посебна приказна.

Како свој заштитен знак го издвојува накитот од монистра, колани нанижани од монистра – за да направи еден од нив, како што вели, ѝ е потребно околу еден месец, обетките кои со малку повеќе фантазија ги изработува за само еден ден, а имавме можност да уживаме и во нејзините ѓердани кои предизвикаа вистински восхит кај нас. За материјалот што го користи вели дека се монистри, во сите бои и големини нанижани на специјален конец, а сето останато како што вели таа е работа на инспирација и креативност.

За своите креации вложува многу љубов и многу верба во крајниот резултат. Кога ја прашавме дали нејзините креации се продаваат, одлучно ни рече не:

„Никако, правам само за себе и за своја душа, мојот труд нема цена, сакам да уживам, сакам да го чувствувам редењето монистри в раце, кога од тие ситни топченца на крај произлегува нешто толку вредно и трајно. Изработката на накит и љубовта во создавањето на уникатни работи ме следат уште од најмала возраст, можам слободно да кажам дека станува збор за семејно хоби, по пример од мојата мајка, многу е важно кога имате свое хоби да знаете и да не претерате во тоа. На пример, ако се одлучите за некое хоби, треба да направите нешто за вас, конкретно, во случајов со накитот од монистра, при негова изработка вложувате дел од себе, а емоцијата е посебна кога ќе видите како луѓето околу вас ја доживуваат таа ваша креативност“, објаснува Мица.

Секое катче во домот, секој дел од дворот има своја приказна, на нејзините креации нема крај, од кукли облечени во народни носии кои ќе ве пречекаат на тераса, до секакви украси од природни материјали кои ги има околу куќата и во природа, изработени од вредните раце на Мица и нејзиниот сопруг Милан. Двајцата пензионери од Скопје, пензионерските денови ги минуваат во својот рај, каде што покрај разните креации на секој чекор, чуваат и два крапа во мал базен.

„Моите пензионерски денови овде во Огут, постојано се исполнети со нешто, уживам во прекрасната природа, песната на птиците, жуборењето на реката покрај куќа. Сакам да шетам по зеленилото и да уживам во секоја тревка, секое цвеќенце и дрво. Внатре, најчесто во вечерните часови некако инспирацијата ми е најголема, па со разговор и шолја кафе се создаваат и најдобрите идеи во реалност“, објаснува оваа вредна домаќинка.

Таа ги отвори и вратите на местото каде што ја чува зимницата, на рафтовите нема што нема, секаков вид мармелади, џемови, сокови, туршија, месо подготвено на специјален начин во тегли и саламура…

Шетајќи во нејзиното катче на фантазии, кое, колку и да го опишуваме, верувам дека не постојат соодветни зборови да се опише сета онаа убавина која плени наоколу, очигледно е дека оваа вредна дама многу енергија и напор вложува во зачувување и промоција на старите занаети, ракотворби и традиција на својата земја.

„Традицијата и културното наследство на еден народ е нешто што секој од нас би требало да го знае или да носи дел од тоа во себе. За жал, кај нас старите занаети, традиција и обичаи некако се на маргините, а јас сепак имав среќа да се родам и да растам во семејство во кое се негуваа обичаите и се чуваше традицијата. Уште од мали години ја прифатив културата како нешто што е нормално и нешто што треба да се чува“, порачува оваа 65-годишна пензионерка, која успешно ја избегнуваше нашата камера додека нѐ шеташе низ својот прекрасен дом.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Шест грла говеда од Крива Паланка залутале во Бугарија, локалниот проблем стана меѓународен
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:крива паланкамица савевска
Претходен напис ЗПВ Николовски, Бочварски и Рустеми во посета на регионалниот пат Узем-Тораница: Завршува рехабилитацијата на уште една важна делница, вложуваме во квалитетна патна мрежа, подеднакво во сите региони од државата
Следен напис Претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд, попладне сончево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?