Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зошто Русија планира да го забрани извозот на житарки во Евроазиската Унија?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Зошто Русија планира да го забрани извозот на житарки во Евроазиската Унија?
Пазари

Зошто Русија планира да го забрани извозот на житарки во Евроазиската Унија?

Објавено 14/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Руската влада размислува да го забрани извозот на сите житни култури во Евроазиската економска унија до крајот на август, пишува Agricensus.

Ако ова е вистина, потегот може да укаже на проблеми со руските договори за домашна понуда, откако анализата покажала дека некои членки на блокот забележале зголемување на увозот на руска пченица, мешунки и други производи во последните недели.

Привременото запирање би се однесувало на извозот на пченица, јачмен, ‘рж и пченка во другите земји во блокот уште од 15 март и би траело до 31 август.

Се наведува дека се подготвува официјален документ со кој се потврдува мерката, но сепак се очекува дел од извозот да биде дозволен во рамките на постоечките дозволи кои веќе ги одобри руското Министерство за земјоделство.

Сакаат да ја спречат сивата економија?

Евроазиската унија ја сочинуваат Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан како полноправни членки. Како такви, тие се ослободени од даноци и квоти во меѓусебната трговија, што е придобивка што значеше дека увозот во Казахстан, Белорусија, но и Азербејџан значително се зголеми во последните месеци.

„Секоја земја самостојно го регулира својот извоз. Русија нема право да му забрани на Казахстан, кој го купил руското жито, да не го извезува од нејзината територија“, изјави брокер за Agricensus. Тој вели дека единствениот начин да се спречат шемите за извоз на жито без царина од територијата на Унијата е да се затворат транзитните зони.

Досега увезени големи количини

Треба да се напомене дека Казахстан веќе има увезено рекордно количество руски житарици, околу 2,3 милиони тони, што е за шест отсто повеќе од претходната година.

Извозот на житарици во Белорусија двојно се зголемил на 700.000 тони, додека Азербејџан го зголемил откупот за два отсто на 900.000 тони.

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
МАСИТ: ИКТ секторот во Македонија достигна 1,77 милијарди евра приходи и 676 милиони евра извоз
Русија руши рекорди: Извезува 50 милиони тони пченица, а продажбата на ѓубрива скокна за 30%
Раст и на извозот и на увозот во првите два месеца од годинава
Трипуновски: Извозот на земјоделски производи согласно податоците бележи раст за над 5 прoценти
Таг:извоз
Претходен напис Како да одгледувате еднодневни пилиња?
Следен напис По студеното утро, нѐ очекува сончев ден
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?