Кога зборуваме за одгледување на кокошки поради јајцата , треба да се знае дека најдобро би било јајцата да се собираат на време за да се избегне нивно кршење, но и да се спречи кокошките да не ги изедат.

Повеќето кокошки несат јајца до 10 наутро. Затоа, собирањето на јајцата рано наутро е добра пракса за да се осигура нивниот квалитетот. Меѓутоа, и покрај навременото собирање на јајцата, оштетувања можат и понатаму да се јавуваат. Кокошките јадат овошје, зеленчук, инсекти, а понекогаш можат да ги јадат и своите јајца.
Зошто кокошките ги јадат своите јајца?
Кокошките можат да ги изедат своите јајца доколку нивото на калциум во организмот им е многу ниско. Недостатокот на калциум предизвикува кокошката да бара дополнителна прихрана од лушпите од јајцето.
Исто така, можат да ги изедат јајцата поради досада и како нешто случајно што го откритиле. Доколку има голема гужва во кокошарникот, односно доколку има премногу кокошки, некои од нив лесно можат случајно да скршат јајца. Кокошката тогаш има можност да ја јаде жолчката и може да развие навика за тоа. Затоа, дури и ако сте забележале дека неколку јајца се скршени во кокошарникот, тоа може да биде резултат на незгода но сигурно постепено ќе премине во однесување на самата кокошка.
За да ги спречите кокошките да ги јадат своите јајца најпрво треба да проверите да не страдаат од некои здравствени проблеми, а посебно од недостаток на калциум.

Исто така, треба да им се обезбеди доволно простор за да можат слободно да се движат и да колваат наоколу. Собирањето на јајцата, најмалку два пати на ден е исто така превентивна мерка за да не дојде до случајно кршење, кое пак може да доведе кокошките да ги јадат своите јајцата.
Извор: Best nest box
