Денес времето во државава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови само во североисточните предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер претежно од северозападен правец. Маскималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерен ветер од северозападен правец, истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура денеска во Скопје ќе се искачи до околу 30 степени.
Потоа утре попладне ќе има изориран развој на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Од недела па натаму во попладневните часови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, заислен ветер и услови за локална појава на град. Температурите на воздухот во недела, како и на почетокот од следната недела ќе бележат тенденција на незначителен пад, што значи дека и понатаму ќе продолжи пријатното топло време.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

