Метеоролозите неодамна обајвија дека во Велика Британија помеѓу 1 март и 27 мај оваа година имало 573 сончеви часови, а тоа го надминува рекордот од 555.3 часа во 1948 година. Тоа резултираше со извонредно квалитетни јагоди со голема содржина на шеќер.
Имено, рекордната сончева пролет во Велика Британија помогна за поголем род и подобар квалитет ширум регионот, при што некои одгледувачи пријавија и 20 % поголем принос од вообичаеното.

За да им се помогне на овоштарите да ги продаваат своите плодови, трговскиот гигант Tesco, во своите супер маркети обезбеди амбалажа во која собира три килограми јагоди. Во Tesco соопштија дека во првиот налет ннабавиле дополнителни 300 тони јагоди, бидејќи е невообичаено многуте сончеви денови проследени со повисоки температури да го забрзаат созревањето на овошјето.
Рекордното ниво на сончева светлина придонесе на рекорден род на јагоди ширум Британија, вклучувајќи ги Кент, Есекс, Сасекс, Хемпшир, Стафордшир, Варвикшир, Ланкашир, Шкотска и Велс.
Филип Басби од компанијата „Busby Partners“ од Чикота во Варвикпир, која до „Tesco“ испорачува јагоди повеќе од 25 години, го изјави следното : „Tesco се погрижи на производителите да им помогне да го продадат вишокот на плодови. На тој начин го намали прехранбениот отпад но и на своите купувачи им обезбеди квалитетни и слатки плодови“.

Во производството на „меко овошје“ во Велика Британија доминираат јагодите, рибизлите и малините, кои сочинуваат над 90 % од површините со вакво овошје. Остатокот го сочинуваат боровинки и капини, кои последниве години добиваат на популарност. Вкупно околу 9.400 хекатри од земјиштето се користи за одгледување на меко овошје. Се проценува дека 85% од тоа се наоѓа во тунели под фолија. Така се продолжува сезоната на бербата во Велика Британија за дополнителни 4-6 недели на многу поширока временска рамка од рана пролет до есен. Остатокот се одгледува во стакленици или не е покриен.
Во изминатите две децении, произвдоството на „меко овошје“ во Велика Британија порасна за 131%. Во 1996. потрошувачката на јагоди изнесуваше 67 000 тони. До 2015 година порасна на 168.000 тони односно се зголеми за 150% . Односно вкупното производство на „меко овошје“ во Велика Британија значајно се разви и тоа, со 40.100 тони јагоди во 1996 година достигна до повеќе од 115.500 тони во 2015 година, што е зголемување за 188%.
Извор: Poljoprivreda.info
