Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Пестицидите во ЕУ: Сакаат да ги намалат до 80 отсто и да ги оданочат


Во Европскиот парламент се појавија две иницијативи поврзани со оданочување на пестицидите и дополнително намалување на нивната употреба до 2030 година, пишува Euractiv.

Австриската застапничка на Зелените и известувачка на Парламентот за употреба на пестициди, Сара Винер, во својот извештај повика на зголемување на целта за намалување на употребата на производи за заштита на растенијата од сегашните 50 на 80 отсто. Ова би ги вклучило оние кои се сметаат за канцерогени, невротоксични или токсични за репродукцијата. Со тоа законската регулатива би се приближила до барањата на неодамнешната граѓанска иницијатива „Да ги спасиме пчелите и земјоделците“, која е иницијатор и на оваа најновата иницијатива.

Предложената целосна забрана за хемиски пестициди во „чувствителните“ области е спорна кај земјите членки. Нацрт-извештајот зазема попомирлива позиција и предлага да се исклучат областите што се заштитени од причини кои не се поврзани со употребата на пестициди.

Европската комисија изрази мислење дека трошоците за имплементација на новите правила и поддршка за земјоделците во транзиција треба да бидат покриени со веќе постоечките средства од ЗЗП. Земјите членки предупредија дека тоа нема да биде доволно и дека ќе биде тешко да се прераспределат средствата откако новата ЗЗП веќе стапи на сила на почетокот на оваа година.

Винер, исто така, предложи да се воведе оданочување на употребата на пестициди. Собраните средства би се користеле за финансирање на интегрирано управување со штетници, односно за финансирање на одржливи алтернативи, што ги води плановите на ЕУ за намалување на употребата и ризикот од производите за заштита на растенијата.

Таа напомена дека задолжителното намалување на употребата на пестициди и ризиците од пестициди ќе биде поврзано со значителни трошоци и административни оптоварувања за членовите, вклучително и поддршка за земјоделците, обука и плаќање на советниците.

Проблемот е што сегашната шема на ЕУ за поддршка на земјоделството не дозволува исплата на средства кога станува збор за задолжителни барања како оние поставени во предложените нови правила на ЕУ за пестициди наменети за интегрирано управување со штетници (IPM). Во јули, Комисијата предложи измена без преседан на ЗЗП за да го направи финансирањето на IPM дел од расходите за пет години.

Се очекува извештајот да претрпи измени. Парламентот ќе мора да стапи во преговори со министрите на ЕУ кои побараа дополнителна проценка.

Фев 20, 2023agrotim3
Времето денеска променливо облачно и натпросечно топлоЗошто е важен плодоредот во поледелството и кои се основните правила што треба да се почитуваат?

Напишете коментар Откажи одговор

20/02/2023 АгровестиЕК, ЕУ, зелени ленти, пестициди72

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019