Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зошто Бил Гејтс стана најголем сопственик на земјоделско земјиште во Америка?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зошто Бил Гејтс стана најголем сопственик на земјоделско земјиште во Америка?
Агровести

Зошто Бил Гејтс стана најголем сопственик на земјоделско земјиште во Америка?

Објавено 08/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Интересирањето на Бил Гејтс за земјоделско земјиште е мотивирано од неговата желба да се занимава со прашањето на климатските промени, како и да им помогне на сиромашните земји во кои луѓето гладуваат, пишува Њујорк пост.

Гејтс е најголем сопственик на земјоделско земјиште во САД, а според Ленд рипорт, тој поседува 242.000 хектари земјиште во 18 сојузни држави. Купувањето на земјиштето натерало многумина да се запрашаат кои се мотивите на Гејтс, со оглед на тоа што тој никогаш не зборувал за неговата љубов кон посевите и „пријатниот“ мирис на арското ѓубре.

Ленд рипорт пишува дека со царството на обработливо земјиште на Гејтс управува „Котонвуд АД менаџмент“, кој е член на „Лидинг харвест“, непрофитна организација која на земјоделците ширум светот им помага „да усвојат подобри практики за сите да можеме да создаваме поздрава иднина за генерациите што доаѓаат“, пренесува Спутник.

Извештаите претходно навестувале дека земјоделството, особено производството на говедско, придонесува за емисијата на јаглерод диоксид кој ја задржува топлината на Сонцето и последично доведува до климатски промени.

Гејтс претходно рекол дека без иновации светот не може да се справува со климатските промени, за кои многу научници велат дека ќе резултираат со екстремни температури, природни катастрофи и колапс на екосистемот.

Затоа Гејтс учествува во проектите за заштита на животната средина и вложува во различни компании. Една од нив е „Импосибл фудс“, која произведува замена за говедско.

Професорот по земјоделска економија Брус Шерик, кој е член на управата на „Лидинг харвест“ вели дека фармите не се само дел од проблемите со климатските промени, туку дека можат да станат и дел од решението.

Шерик е убеден дека Бил Гејтс ќе направи голема разлика ако успее да покаже дека земјоделието може да биде и профитабилно и одржливо.

Бил Гејтс – земјоделец? Сопственик е на скоро 100.000 хектари земја!

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Bill GatesБил Гејтсземјоделие
Претходен напис Повеќе од 20 години со многу љубов охриѓанката Благуна произведува и продава цвеќе
Следен напис Србија ја дочекува жетвата со големи залихи на пченица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?