Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Србија ја дочекува жетвата со големи залихи на пченица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Србија ја дочекува жетвата со големи залихи на пченица
Агропрогноза

Србија ја дочекува жетвата со големи залихи на пченица

Објавено 08/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сега веќе постои реална опасност новата жетва да ја дочекаме со прилично големи залихи пченица – нагласува Вукосав Саковиќ од Здружението „Жита на Србија“ и напоменува дека во таква ситуација, кога побарувачката е слаба, цената логично добива надолен тренд.

Наспроти сите предвидувања дека растот на цените на житните култури ќе запре на почетокот на 2021 година, тие растат заради пандемијата и нестабилната состојба на пазарот диктирана од инвестициските фондови.

Според последниот извештај на берзата за производи во Нови Сад, пченката повторно поскапе за околу 2,5 проценти во споредба со претходната недела. Како што се наведува, цената на житото остана непроменета. Новосадската берза посочи на уште еден необичен настан на домашниот пазар, а тоа е дека цените на пченицата и пченката беа на скоро исто ниво.

Вукосав Саковиќ од Здружението „Жита на Србија“ вели дека цените на пченката и пченицата се приближуваат и дека сега може да се види дека имаат една допирна точка на 22,50 динари. Таа цена сигурно наскоро ќе се изедначи, но врз основа на законитоста на пазарот, пченката ќе биде поскапа од житото, што нема да биде прв пат во историјата, бидејќи веќе имавме ваква состојба претходните години – објаснува Саковиќ.

„Побарувачката за пченица беше периодично добра, ама нашите продавачи не реагираа на тоа. Чекаа повисока цена, иако едно време таа беше дури и подобра на домашниот отколку на меѓународниот пазар. Затоа сега имаме интересна ситуација на пазарот. Сега веќе постои реална опасност новата жетва да ја дочекаме со доста големи залихи пченица“, нагласува Саковиќ и напоменува дека во таква ситуација, кога побарувачката се намалува, цената логично добива тренд на опаѓање.

Од октомври 2020 година до крајот на февруари, Србија извезе 1.862.000 тони пченка. Од здружението „Жита на Србија“ наведуваат дека очекувањата се дури и надминати и веруваат дека конечниот пласман на пченка на странските пазари ќе достигне 3,2 милиони тони.

Наспроти добрите резултати при извозот на пченка, со пченицата е сосема поинаку и тој вели дека сега влегуваме во временски јаз. Економската година започнува со жетвата на 1 јули и трае до 30 јуни. Во изминатите осум месеци извезовме само 530.000 тони пченица и брашно, а планот за извоз беше 1.250.000 тони.

Според Саковиќ, Србија изгубила неколку месеци кога извозот на пченица бил многу лош, скоро симболичен. Како што објаснува, на светскиот пазар не е како на локалните пазари, каде што го продавате стариот род додека не пристигне новата пченица. Таа продажба завршува два месеци пред новата жетва. После тоа, големите мултинационални компании започнуваат со откуп на нова пченица.

Извор:agronews.rs

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Сончево и топло до 38 степени
Таг:пченицапченкасрбија
Претходен напис Зошто Бил Гејтс стана најголем сопственик на земјоделско земјиште во Америка?
Следен напис Бразил храни 10 проценти од светската популација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?